ПЕТОК, 13 АПРИЛ 2018

Лекарски прегледи - кои мора да ги направите веднаш, а кои не се толку итни?

post cover photo

ЗДРАВИОТ ЧОВЕК ИМА СТОТИЦИ ЖЕЛБИ, А БОЛНИОТ САМО ЕДНА – ДА БИДЕ ЗДРАВ! 

Колку се грижите за вашето здравје и колку често одите на лекар? Појавата на одредени симптоми бара итна потсета на лекар, но некои лекарски контроли не мора да ги правите многу често.

Гинеколошки преглед

Не го пропуштајте годишниот гинеколошки преглед ако:

-       Сте имале патолошки наод на Папа-тестот, дури и ако неколку наоди потоа ви биле уредни.

Веднаш посетете го вашиот гинеколог ако:

  • Планирате бременост
  • Почесто менувате сексуални партнери
  • Сакате да го смените методот на контрацепција
  • Во вашето семејство има случаи на карцином на града, јајници или на грло на матката
  • Имате зголемено лачење на секрет од матката со непријатен мирис
  • Ви изостанала менструацијата или крвавите помеѓу циклусот
  • Сте забележале каква било циста, болка, пецкање во градите

Можете да го одложите прегледот до 3 месеци ако:

  • Сте постари од 40 години и немате никакви факори на ризик

Можете да го одложите прегледот до 1 година ако:

  • Последните 3 Папа-наоди ви биле уредни, немате здравствени проблеми и имате постојан партнер

Направете преглед на градите еднаш во две години, но секој месец прегледувајте ги сами за навреме да откриете одредени стврднувања или промени на кожата.

Годишен систематски преглед

Не го пропуштајте годишниот системаски преглед ако:

  • Боледувате од некоја хронична болест, која лекарот ја следи
  • Препорачани ви се редовни прегледи бидејќи кај вас постои зголемен ризик од одредени болести
  • Имате премногу килограми
  • Некоја болест често се јавува во вашето семејство

Може да прескокнете еден годишен преглед ако:

  • Минатата година резултатите од мерењето на крвниот притисок ви биле во границите на нормалата
  • Редовно одите на други прегледи

Можете да го одложите прегледот две години ако:

  • Не пушите, имате нормална телесна тежина, притисокот и холестеролот ви се нормални, немате други здравствени тегоби и сте помлади од 40 години

Веднаш посетете го вашиот лекар ако:

  • Се појавил некој симптом кој досега не сте го имале и не знаете од што може да биде.

Преглед на очите

Не го пропуштајте годишниот преглед ако:

  • Носите контактни леќ
  • Во вашето семејство постојат случаи на глауком
  • Имате дијабетес, висок крвен притисок
  • Сте постари од 40 години, бидејќи тогаш се јавуваат повеќето проблеми со видот

Можете да го одложите прегледот одредено време ако:

  • Не носите леќи, помлади сте од 40 години, сте го прегледале видот барем еднаш и во вашето семејство нема посериозни очни заболувања.

Веднаш посетете го вашиот лекар ако:

  • Чувствувате болка во очите, се појавува срвенило и солзење. Веднаш посетете офтамолог и ако гледате нејасно или дупло или се јавува светкање пред очите, затоа што може да укажува на сериозни нарушувања како лупење на мрежницата или тумор на хипофизата.

Преглед на кожата

  • Не го пропуштајте годишниот преглед ако
  • Имате семејна анамнеза на канцер на кожата
  • Имате многу младежи и неколку години неумерено сте се сончале

Одете на преглед на 6 месеци или како што ќе ви препорача лекарот ако:

  • Ви е дијагностицирана псоријаза

Можете да го одложите прегледот 5 години ако:

  • Имате 20-ина години и немате никакви кожни симптоми и фактори на ризик. По 30-тата година се препорачува преглед на секои 3 години, дури и ако немате фактори на ризик

Отидете веднаш ако:

Забележите дека некоја рана подолго време не ви зараснува, какви било кожни промени или пак промени на младежите ако ги имате. Посветете посебно внимание ако некој младеж почне да крвави или да ја менува бојата и обликот. Меланомот е најчест вид канцер, но успешно се лечи ако се открие навреме.

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Модна инспирација – 5 викенд комбинации

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com