ПЕТОК, 13 АПРИЛ 2018

Енергична свирка на бендот „Темпера“ во Станица 26

На 18 април, со почеток во 21 часот во ноќниот клуб Станица 26 во организација на 3Гонга настапува македонската група „Темпера“. Во овој скопски бенд членови се музичките ветерани  Мите Димовски на тапани, Ѓоле Максимовски на бас, Драган Гиновски на гитара и вокалистката со разорен глас, Тања Тас. На концертот ќе ги отсвират песните од нивниот албум „Играј“, премиерно ќе ја изведат во живо нивната нова песна „Не застанувај“ за која неодамна направија и видео запис, како и песни од нивниот нов албум кој е во подготовка.

post cover photo

Досега бендот има настапувано низ цела Македонија. Во 2014 година тие беа специјални гости на два фестивали „Белгрејд колинг“ и „Скопје Гори“, каде ѕвезда на вечерта беше Били Ајдол.

„Темпера создава музика полна со енергија и емоции, акцентирајќи ја индивидуалноста на изразот и нејзиното лично овоземно патување. Тоа е повик да не се дозволи да застане мислата, и тоа не само како своевиден танц со и во мислите, туку и во решителноста да се делува, да се истражува... и да не се игнорира поривот за игра, кој претставува своевиден одбранбен механизам за заштита и одбрана на душата. На концертот ќе свириме песни од албумот „Играј“ како и промоција на новиот материјал од нашиот втор албум кој е во подготовка. Очекувајте енергична свирка, бидејќи одлично функционираме во живо“, велат од бендот.

Гитаристот и композитор Драган Гиновски Гино од 1998 година, па се до 2011 година беше дел од култниот бенд Архангел и многу музички критичари го прогласија за еден од најдобрите рок гитаристи во земјава. Ѓоле Максимовски е музички активен од средината на 90тите, тој е басист и композитор на албумите на „Тилт“, „Сет“, „Беневентан Трио“, „Мозаик“ и „Кабадајас“. Од 1998 до 2005 година беше член и на „Архангел“. Учесник во снимањето на албумите на "Алшар", „Мугер Фугер“ и 18 години е дел од „Влатко Стефановски Трио“, со кого заедно имаат остварено успешни соработки со неколку светски реномирани музичари како Јан Акерман, Теодосиј Спасов и Стефан Миленковиќ. Мите Димовски е тапанар, композитор, аранжер и продуцент. Својата музичка кариера ја започнува на свои 12 години во групата „Цилиндер“, како најмлад тапанар во поранешните југословенски простори. Најголемиот дел од својот музички пат го има поминато во групата „Архангел“. Низ својата досегашна 20 годишна кариера има учествувано на преку 400 проекти како продуцент, а покрај многуте музички имиња соработувал и со „Мизар“, „Анастасиа“, „Фолтин“, Кирил Џајковски, Влатко Стефановски...

Вокалистката и текстописец Тања Тас е ликовна уметница по вокација, а својата музичка кариера ја започнала на 16 години како вокал на македонскиот блуз бенд „Wild Bunch“. Континуирано од тогаш учествува во многу музички проекти заедно со „Кисмет“, „Лилит“, Горан Трајкоски Готра, „Аутмајнд“, Игор Атанасовски Харе, „Мугер Фугер“ и проектот „Фем Фатал“ со Александар Ристовски- Принц.

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com