САБОТА, 14 АПРИЛ 2018

За најновите дизајнерски тенденции, ќе ви раскаже Милано од 17-22 април

Кога ќе се спомне Италија, модата и дизајнот сигурно се првите два збора кои ви паѓаат на памет.

Од Тортона до Брера, минувајќи низ Порта Венеција, Порта Романа, Чинкве вие и Ламбрате, Милано е веќе подготвен за претстојната недела на дизајнот (Fuorisalone), а воедно и модата, која ќе се одржи од 17 до 22 април.

Овој спектакуларен настан посветен на дизајнот и модата уште толку ќе ја раздвижи и живне модната престолнинасо многубројните изложби, инсталации, презентации и коктел – забави кои ќе бидат отворени за јавноста и за сите ентузијасти и љубопитници кои ја обожаваат уметноста и забавата.

post cover photo

Еве што можете да очекувате од најпознатите дизајнерски области во градот:

Чинкве вие (5VIE)

Оваа област ја прославува својата петта година со Fuorisalone и се очекува да ги импресионира своите посетители изложувајќи инсталации од производствени дизајни до уметнички експерименти. Организаторите се здружија со неверојатни меѓународни куратори: галеристот Николас Белаванс Лекомпт и Алис Стори Лихтенштајн, чија изложба ќе се одвива во виа Чезаре Коренти. Од домашните куратори, Марија Кристина Дидеро ќе се престави со својот проект – Вегански дизајни, односно Уметноста на редуцирањето. Од многубројните настани коишто ќе се случуваат, можеме да го издвоиме економскиот форум „It’s Circular (15-16 април) претставувајќи ја машината за рециклирање на ткаенина и пластика и чија креативна примена е да произведе плочки од 10 квадратни метри за 40 минути, каде што 8 пластични шишиња произведуваат една плочка.

Брера

Брера повторно се враќа на Миланската недела на дизајн со слоганот „Биди човек: дизајнирај со емпатија!“ Дизајнерската недела во оваа област ќе биде одбележана со околу 100 настани, меѓународни дизајнери и 3 млади италијански амбасадори презентирајќи ги „човековите“ креации и претставувајќи ја емоционалната поврзаност помеѓу луѓето и предметите, додека пак Кристина Челестино ќе го трансформира трамвајот во подвижно кино.

Тортона

Како и секогаш, Тортона ќе ги „окупира“ улиците анимирајќи го поголемиот дел од соседството со безброј настани помеѓу виа Тортона и виа Савона со вкупно 20 изложби, 30 дизајнери и 50 компании. Оваа област уште еднаш оваа година ќе зрачи во духот на меѓународниот дизајн со дизајнери од Норвешка, Швајцарија, Јапонија и Германија.

Порта Венеција

Обединувајќи ја уметноста на храната и виното, архитектурата и дизајнот, Порта Венеција по шести пат ќе учествува во дизајнерската недела во Милано. Живописното и декоративното соседство своите посетители ќе ги понесе на незаборавна турнеја низ прекрасните згради, брендираните продавници и гостопримливите барови. Концептот на целата организација оваа година е да се истакнат местата и компаниите во секторот на дизајнот и уредувањето низ добра храна и вино, архитекура и уметност. Сите посетители ќе имаат можност да се запознаат со новите тенденции во областа на канцелариското уредување, уредувањето во домот, винтиџ дизајнот, осветлувањето и уште многу аксесоари на современото живеење.

Доколку ја обожавате уметноста и сте љубители на дизајнот, ова е настан и незаборавно искуство што морате да го доживеете барем еднаш во животот. За среќа, сѐ уште имате време да го организирате своето патување и навреме да пристигнете на најголемиот дизајнерски настан.

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com