ПОНЕДЕЛНИК, 16 АПРИЛ 2018

Цветањето на јапонските цреши открива една неверојатна античка приказна за надежта

Расцветувањето на јапонските цреши има огромно значење во јапонската култура. Дали некогаш сте слушнале за Ханами? Ханами се нарекува најпопуларниот фестивал на целиот јапонскит архипелаг, од север сѐ до југ и е посветен токму на овие посебни розови цветови што претставуваат симбол на среќа и благосостојба.

Еве што треба да знаете за потеклото и значењето на овие деликатни розови цвеќенца со незаменлив мирис.

post cover photo

Фестивалот Ханами, утврден во IX век, познат и како Ноќта на црешите, е древна прослава која се одржува во април, во периодот на расцветувањето на црешите. Розовите цветови на црешите се нарекуваат Сакура и низ цела Азија добиваат длабока почит. Нивното брзо расцветување најдобро ја опишува минливата убавина во животот којашто не трае вечно. Во Јапонија, Ханами исто така претставува празник кој го прославува повторното будење на природата и свесноста за краткотрајноста на нештата. Црешовото дрво е симбол на животот бидејќи расцветува порано од другите на раскошен и впечатлив начин, кое истворемено е толку деликатно и кршливо чии цветови можат да паднат со едноставен здив на ветерот. Меѓутоа, на еден начин цветот го претставува човековото постоење кое откако расцвета, се откачува од дрвото и повторно се враќа кон земјата за симболично соединување.

Но, ова не треба да ве растажи, напротив, април во Јапонија е најубавиот месец во годината кога завршува училишната година и кога учениците се подготвуваат за ново поглавје во својот живот – средно училишите и универзитет. Април е месецот во кој пролетта со цела своја убавина оживува сѐ пред себе, период на транзиција кон нов живот.

Во античките времиња, ова бил периодот на жетва и изобилство, а пред сѐ период на просперитет и успех. Постојат стотици видови цветови, но во Јапонија, а и во останатиот дел од светот, најценети се оние со 5 ливчиња во розова боја, наречени Сомеи Јошино. Тие ги претставуваат основните вредности на еден самурај: лојалност, храброст, чесност, учтивост и чистота. Еден самурај исто како и цветот, мора да биде подготвен да го жртвува својот живот со целиот свој раскош и убавина во името на поголема и повозвишена цел. Не е ни чудно што овие цветови биле користени како симболи во Втората светска војна од страна на Камикази пилотите во нивниот екстремен и трагичен акт на посветеност кон својата земја.

За обожавателите на тетоважи

Сите оние кои ѝ се восхитуваат на оваа убавина, решаваат да го декорираат своето тело со овој прекрасен цвет. Тетоважата во форма на црешов цвет означува максимално уживање во животот, свесност за сегашниот момент, но може да означува и оддавање почит на неодамна изгубена личност.

 

Varumin

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com