ПОНЕДЕЛНИК, 16 АПРИЛ 2018

Вознемирувачките сонови кај бремената жена се нормална појава

Соновите се одраз на психолошкиот живот на човекот, кои имаат своја специфичност за време на посебната состојба на бременост кај жената. Тие имаат особено важна функција во овој период бидејќи се природен пат кој ѝ асистира на жената низ процесот на трансформација и премин на улога од жена во мајка. „Менталната бременост" е подеднакво значајна како и физичката бременост со сите промени во неа и претставува една мајчинска подготовка во која се развива слика во нејзината свест и потсвест за сѐуште нероденото дете. Соновите се најважниот дел кој овозможува интеграција на новата состојбаи овозможуваат да се создаде место во умот за очекуваното новородено, од  што може и да се објасни зашто понекогаш тие може да бидат чудни и бизарни, дури и вознемирувачки и да се јавуваат многу почесто од пред настанување на бременоста. Спиењето кај бремената жена е со променет квалитет и квантитет на сонот и некогаш предизвикува загриженост кај идната мајка.

post cover photo

Апсолутно нема потреба од загриженост. Мора да се знае дека сето ова е нормална појава која си има своја значајна функција, тоа всушност е еден начин мајката да ја следи генезата на своето неродено дете. Сонот докажано има растеретувачка улога како и можност со него да се завршат некои недовршени работи од реалното секојдневие и да се добие порака од своето несвесно. Порака од себе за себе. Честотата и вивидноста,живоста на соништата не треба да бидат грижа и чудење кај трудницата и да предизвикува анксиозност, страв и мисли дека постои некаква патологија.

Соновите имаат тенденција да се менуваат низ трите семестри на бременоста во еден познат и предвиден терк кој го рефлектира прогресот на бременоста систематично.

Во првото тримесечие многу чести се соновите поврзани со вода и пливање, паралелно на создавањето на плодовата вода во утерусот, како на пример риби во вода кои го симболизираат фетусот. Исто така, заедничка тема е и фертилноста изразена во симболи на градина, цвеќиња, овошни плодови и неретко сонување на згради на кои им се зголемува комплексноста низ развојот на бременоста. Често соништата во првите месеци се и со сексуална конотација.

Во второто тримесечие чести се сонови со разни животинчиња и започнуваат соништа на своето дете, но со нечовечки, изместен изглед и со одредени малформации. Многу често се сонува породувањето на своето дете, но тоа може да е со возрасен човечки лик, наместо со бебешки лик.

Со зголемувањето на анксиозноста во третиот семестар може да се случуваат и уште повознемирувачки соништа. Тие најчесто се однесуваат на самиот чин на породувањето, стравот од него и приближувањето на терминот за породување, на прашања во врска со полот на детето и загриженоста за неговото здравје или пак недоумиците за неговото име.

Совет: да се избегнува тешка храна и јадење доцна, да се почитува циркадијарниот ритам на заспивање и будење, да се практикуваат медитација и позитивни афирмации секојдневно, дневни прошетки, а заспивањето може да е со релаксациона музика или читање на литература која е со лесна и позитивна содржина.

Автор:
М-р Ивана Хаџиванова,
психолог, гешталт психотерапевт

Facebook: Гешталт психотерапија
Email: hadzivanova@gmail.com
Тел: +38975273768

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com