ВТОРНИК, 10 ЈУЛИ 2018

5 работни позиции што се идеални за комуникативните луѓе

Ако сте тип на човек кој сака да разговара и да биде во контакт со што повеќе луѓе, тогаш денот поминат пред компјутер ќе ви звучи како залудно поминат ден. Добрите говорници не мораат постојно да зборуваат, но мораат да ја задоволат својата потреба за социјализација и да добијат шанса да го искористат својот природен талент во изградба на својата кариера.

post cover photo

Доколку сакате да зборувате еве пет области кои би требало да ги земете предвид доколку барате (подобра) работа.

Маркетинг и продажба

Без разлика дали сте на извршна позиција или работите во маркетинг компанија, вашите комуникациски вештини често доаѓаат до израз во јавноста. Во оваа работа исклучително важна е способноста за убедување, како и изградбата на доверба кон новите  и одржување на добри односи со старите контакти. Непишано правило е дека во продажбата работат луѓе кои сакаат да комуницираат со различни луѓе и уживаат во тоа.

Новинарство

Новинарството е уште еден добар избор за зборлестите. Комуникациските вештини во оваа област се особено важни, бидејќи добро сработената работа не значи само квалитетно да се разговара со соговорниците туку и нивните изјави и стручна терминологија да се прилагоди на просечниот читател, гледател или слушател. 

Подучување

Независно од возраста на учениците, комникациските вештини се клучен фактор во вашето настојување да станете успешен ментор кој ги инспирира своите ученици или студенти. Наставниците или професорите се сметаат за луѓе кои се едни од најдобрите говорници. Освен наставник, можете да се обидете и како тренер. Тука посебно доаѓа до израз вештината за подучување и за комуникација бидејќи тренерот е личност која комуницира со своите клиенти и ги мотивира. На многумина вежбањето не им е омилена активност, сепак, тренерот по пилатес или јога знае како да ги мотивира посетителите кои и понатаму ќе продолжат да доаѓаат на тренинзите.

Социјален работник

Способноста за разбирање на туѓите проблеми и помагањето на луѓето бара импресивни комуникациски вештини, како и емпатија. Заедно со добро развиената способност за слушање, во оваа работа исто така многу важно е на тактичен начин да се советуваат луѓето како би можеле да се справуваат со своите проблеми кои обично се со доста сериозни и осетливи теми.

Претприемник

Иако претприемништвото не бара посебни комуникациски вештини, важно е да се знае да се продаде „работата или производот“. Еден претприемач мора точно да знае што сака и неговите упатства и пораки да бидат јасни и прецизни. Исто така, тој мора да знае да ги презентира своите квалитети или својот производ, самоуверено и привлечно, доколку би сакал да привлече повеќе клиенти.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com