НЕДЕЛА, 22 ЈУЛИ 2018

Важноста на фолната киселина во бременоста

Фолната киселина е синтетичка форма на Б9 витаминот, кој спаѓа во групата на Б витамини. Фолатите се од огромно значење за организмот, затоа што учествуваат во многу метаболички процеси и се неопходни за здравјето на секој човек. Фолатите учествуваат во синтезата на нуклеинските киселини (ДНК и РНК), крвните клетки, детоксификација на организмот итн.

post cover photo

Фолатите се наоѓаат во многу растенија во природата: во зелениот лиснат зеленчук, но и во нивниот корен (зеље, салати, спанаќ, кељ, јаболка, портокали итн.), гравот, грашокот, кикиритките, интегралните житарици, млекото, месото, јајцата, џигерот, рибите (особено лососот, остригата, туната, сардината, харингата) и др. Сепак честопати количеството на фолати, кое се внесува преку храната не е доволно. Од таа причина се препорачува нивно дополнително земање во бременоста. 

Спанаќ

Овој зеленчук е богат со фолна киселина, но исто така претставува рудник со витамин Ц, хлорофил (зелено железо), лутеин (драгоцен за здравјето на очите) и каротеноиди (антиоксиданти).

Многу луѓе ја прават грешката со варење на спанаќот: всушност, за да ги задржите хранливите својства речиси непроменети, гответе неколку минути во тава или подгответе го на пареа. Ако спанаќот е свеж, со многу нежни лисја, можете да си подготвите свежа салата (се разбира, откако ќе го измиете зеленчукот до совршенство).

Аспарагус

Аспарагусот е уште еден зеленчук кој се препорачува во бременоста. Всушност, тој е богат со фолна киселина, витамини и минерали од кои можат да се истакнат калциумот, калиумот и фосфорот.

Од друга страна, што се однесува до витамините, аспарагусот обезбедува одлични количини на витамин А, витамин Е и витамин Ц. Вклучувањето на аспарагус во исхраната помага да се задржи притисокот под контрола, да се регулира ако е премногу висок и да помогне да се исфрлат вишокот течности од телото во случај на задржување на водата. 
Совршено јадење за една бремена жена: кафеав ориз со аспарагус и грашок на пареа.

Брокула

Брокулата содржи големо количество на фолна киселина во комбинација со голем број корисни материи. Како и секој зеленчук и брокулата содржи сулфуорафан - молекула која го штити организмот од рак, а особено ги штити бронхиите, белите дробови, стомакот и градите. Најдобриот начин на подготовка е готвењето на пареа, со цел да ги задржите сите хранливи својства.

Зрнеста храна

Мешунките се неизбежна храна за време на бременоста. Оваа храна е богата со растителни влакна и минерали и помага во одржувањето на нивото на холестерол во крвта, како и во намалувањето на апсорпција на шеќерот.

Зрнестата храна е одличен лек за зачувување на благосостојбата на трудниците, бидејќи е богата со фолна киселина, и кога се консумира заедно со житни култури, се формираат благородни аминокиселини (протеини) со малку масти.

Сочен сок од портокал

Еден од најдобрите пијалаци во бременоста е свежиот цеден сок од портокал богат со витамин Ц и фолна киселина. Идеален оброк би бил оброкот комбиниран со интегрални житарици (кои исто така содржат витамин Б9) и свеж сок од портокал задоволувајќи ја потребата за железо.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Varumin

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com