ПЕТОК, 04 МАЈ 2018

Бидете во тренд ова лето со најмодерните бои за коса

Не постои сомнеж за моќта на русокосите и добро знаеме дека нивната моќ е неприкосновена. Но, овде не станува збор само за природната плава коса на Џиџи Хадид, несомнено и убавиците со платинесто плава коса како Карли Клос, Гвен Стефани, Тејлор Свифт, Кејти Пери и Кара Делевињ зрачат со самодоверба и моќ.

За посмелите девојки, тука е бојата на црвената лисица, баш како онаа на Ема Стоун, тренд кој едноставно мора да го пробате. Дали тоа значи дека бринетите се здодевни? Апсолутно не. Додадете нијанса на чоколадо или капучино и ќе добието сосема нов освежен изглед. 

post cover photo

Доколку ви е преку глава од вашиот секојдневен изглед, пронајдете испирација во овие бои:

Платинесто плава

Платинесто плавата боја е повторно во центарот на вниманието, како и веќе неколку сезони по ред. Оваа боја е многу популарна кај познатите и многумина се решија да станат платинести русокоси: Кристен Стјуарт, Кети Пери и Кара Делевињ, но исто така и сестрите Кардашијан и моделот на Victoria's Secret, Карли Клос. Совршена боја и во лето и во зима. 

Бебешко плава

Едно големо ДА за русокосите. Ако имате бело лице и светла коса, бебешко русата боја на коса совршено одговара на светол тен. Таа го освежува лицето, а истовремено спречува тоа да изгледа премногу бледо, што би било случај со потемната коса.

Боја на лешник или карамела

Оваа боја изгледа многу привлечно и екстравагантно и е изборот на многу познати личности како Ценифер Лопез, Бијонсе, Џиџи Хадид, Џесика Алба. Доколку не сте подготвени за целосна промена на косата, размислете и за прамени со боја на карамела кои ќе ги нагласат вашите очи.

Розов кварц

Време е за нов тренд кој целосно ги освои срцата на храбрите и смелите девојки кои обожаваат да прават промени на косата. Косата со боја на розов кварц е новиот тренд кој треба да го следите доколку ви се допаѓа и сакате да направите промена во вашиот изглед.

Бакарна боја

Богата, впечатлива и прилично незаборавна. Бакарната боја е боја која никоаш нема да излезе од мода, а се смета дека неа можат да ја носат само оние со висока самодоверба, а за да добиете совршен изглед најпрво треба да ја одредите нијансата во согласност со вашиот тен и боја на очи. 

Нијанси на кафеава боја

Кафеавата боја за коса продолжува да биде тренд меѓу познатите. Доколку сакате и вие да бидете во тренд, имате кафеава коса, а сакате да направите мала промена убаво би изгледале со чоколадно-кафеава, цревенкасто-кафеава или златно-кафеава боја на коса. 

 

 

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com