ПЕТОК, 15 ЈУНИ 2018

10 познати личности на кои влезот им е забранет во некои земји

Ако мислевте дека животот на богатите и славните се состои само од забави, излегувања и гламурозни вечери, делумно сте во право, сѐ додека не станува збор за државите во кои влезот на овие познати личности им е забранет. За што конкретно се работи? За имиграциска контрола и аеродромско обезбедување.

post cover photo

Крис Браун, Велика Британија

Заедно со Канада и Австралија, Велика Британија привремено му го забрани влезот на Крис Браун во земјата во 2011 година, како резултат на неговото физичко насилство врз поранешната девојка Ријана. 

Лили Ален, САД 

Откако таа била уапсена во Англија во 2007 година, под обвинение за напад на фотограф, американската работна виза на Лили била укината и ѝ бил забранет влезот во земјата истата година.

Мајли Сајрус, Кина 

Кина ѝ забрани на Мајли да настапува во земјата и воопшто да престојува, по нејзината слика која се појави на интернет од нејзините денови како Хана Монтана, каде што се однесува навредливо кон азиските храмови.

Бијонсе, Малезија

Малезија има престрого муслиманско раководство кое не ѝ дозволува на Бијонсе да одржи турнеја, настапува или да влезе во државата бидејќи смета дека кралицата Би е премногу провокативна за нивната земја.

Акон, Шри Ланка

Во музичкото видео на Акон, „Sexy Chick“ со Дејвид Гeта, забавата со разголените девојки се одвива пред статуата на Буда, што претставува навреда во Шри Ланка, што на крајот разултираше со забрана за влез во земјата.

Снуп Дог, Норвешка

Иако забраната за влез нема да трае вечно, Снуп Дог на аеродромот во Норвешка бил фатен со марихуана во негова сопственост, со што си заработил забрана за влез во државата од две години.

Бред Пит, Кина

Бред Пит беше протеран од Кина повеќе од 15 години поради неговата улога во „Seven Years in Tibet“, филм за кој владата на Кина била особено навредена поради нивните тибетски ставови.

Саша Барон Коен, Казакстан

Саша првично ја заработил забранета за влез во Казакстан поради навредливиот и политички некоректниот начин на кој ја претставувал земјата. Подоцна, забраната била укината кога владата, конечно ја сфатила забавната страна на Саша Барон Коен.

Алек Болдвин, Филипини

Откако направил непријатна и навредлива шега за трговијата со луѓе во земјата во 2009 година, Алекс засекогаш има забрана за влез во земјата и покрај неговото извинување.

50 Сент, Канада

Поради своето криминално досие и наводно промовирање на оружјето, пратеникот од Торонто, Дан МекТејг, кој го спречил настапот на раперот во 2005 година, изјавил: „Не мислам дека луѓето во Торонто треба или сакаат да ја слушнат пораката на г-дин Џексон." 

 

 

 

Varumin

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com