СРЕДА, 09 МАЈ 2018

5 модни комбинации со кои никогаш нема да погрешите

Животот ви е динамичен, имате премногу обврски и едноставно немате време секојдневно да смислувате стилски и уникатни модни комбинации? Не вознемирувајте се премногу бидејќи со овие пет комбинации никогаш нема да погрешите.

Повеќе не грижете се околу тоа дали вашата комбинација е доволно посебна и дали ќе ви помогне да го оставите посакуваниот впечаток, бидејќи постојат неколку комбинации кои се безвременски, одлично ѝ стојат на секоја дама и што е најважно од сѐ ќе ви помогнат да не го губите времето во размислување што да облечете. Инспирирајте се од овие комбинации и спремете ги парчињата од вашиот плакар, бидејќи за оваа недела сте спремни за модерен изглед.

Црно-бела комбинација

Одвојте време и издвојте ги сите црни и бели парчиња облека кои ги имате. Ќе сфатите колку многу комбинации можете да направите. Црно-белиот изглед е секогаш одраз на елеганција, без разлика на тоа какви модели ќе одберете. Можете да направите комбинација на бела блуза со црно здолниште, црна кошула со бели панталони или едноставно можете да облечете фустан со црно-бел дезен. 

Фустан со високи потпетици

Кога се спремате некаде да излегувате, не губете часови пред плакарот во смислување на некоја посебна комбинација, туку едноставно облечете го омилениот фустан и најудобните чевли на висока потпетица. Фустаните се идеални за топлите денови, а за оваа сезона ви препорачуваме свежи нијанси, цветни дезени и модели кои на вашето тело ќе му овозможат совршен изглед.

bella.mk

Палто и кратки панталони со висок струк

Топлите денови се совршени за комбинации со откриени нозе. Ако сакате да изгледате навистина модерно, тогаш за следното излегување направете комбинација со палто и кратки панталони со висок струк. Комбинирајте ги парчињата кои ги имате и експериментирајте повеќе со боите. Храбрите, самоуверени дами секогаш изгледаат одлично.

Бела кошула и фармерки

Комбинација која можете да ја носите буквално секаде. Идеална е за на работа, секако освен ако на работното место нема одреден дрес код, можете да ја носите на кафе со пријателките, а за вечерните излегувања во комбинација со високи чевли е полн погодок. Едноставен кежуал изглед, кој сепак дава стилски момент. 

Здолниште со висок струк и кратка блуза

Во лето нема потреба да се „плашите“ да покажете малку повеќе кожа. Комбинацијата на здолниште со висок струк и кратка блуза е одлична, бидејќи ја истакнува вашата женственост и привлечност, но сепак прави да изгледате стилски и достоинствено.

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com