СРЕДА, 09 МАЈ 2018

Најголемите заблуди за жените – домаќинки

Мајките кои ја носат титулата домаќинка, многу често не ја добиваат заслугата која им припаѓа. Генералното мислење е дека жената домаќинка е секогаш дома, чисти, пери, пегла, итн. Вистината е дека ниту една домаќинка не ги прави само тие домашни работи како што асоцира името домаќинка. Затоа да ги разрешиме најголемите заблуди и дилеми кои постојат за мајките домаќинки.

post cover photo

Тие се домаќинки затоа што така избрале

Во поголемиот број случаи, мајките стануваат домаќинки затоа што такви биле околностите. Тоа може да биде бидејќи не можеле да најдат работа или бидејќи тоа било подобро за децата и семејството. Самиот факт дека некоја жена е домаќинка не мора да значи дека е во прашање желба или одлука која дошла од срцето.

Само некои жени можат да бидат домаќинки

Ова е сосема неточно. Не постои тип на жени кои поседуваат одредени карактеристики поради кои би биле совршени домаќинки. Постојат толку многу различни видови семејства и родителски стилови, а одлуката еден од родителите да остане дома можеби е некогаш најдоброто решение за нив.

Домот е секогаш чист и среден

Да, домот е секогаш чист и среден доколку имаат куќна помошничка или доколку чистењето е нивната голема страст. Многу домаќинки на ова прашање ќе ви одговорат дека нивните деца се нивниот фокус, а чистењето може да почека. Да се биде домаќинка не значи дека треба да се биде чистачка.

Домаќинката секогаш седи дома

Обично луѓето мислат дека ако мајката е домаќинка тоа значи дека таа по цел ден седи дома и само чека некој да ја посети, а потоа се изненадуваат кога ќе ја сретнат на улица носејќи ги децата на тренинг, одејќи на некаков курс или едноставно шетајќи.

Тие остануваат дома бидејќи сакаат да поминуваат повеќе време со децата

Тоа што некоја жена е домаќинка не значи дека секоја минута ја поминува бдеејќи над децата. Кога децата се мали, нормално дека мајките ќе поминуваат повеќе време со нив, но подоцна како тие растат, едноставно мајката-домаќинка е повеќе достапна за своето семејство. Тоа подразбира носење на децата на различни активности, завршување на административните работи за семејството, па и посетување на некој курс по своја желба.

Мајките – домаќинки не ги интересира што се случува со надворешниот свет

Спротивно од ова уверување е дека мајката – домаќинка може да биде најбогатиот извор на нови информации, како за земјата и светот, како и за комшиите. Таа ги знае важните настани на денот и секогаш е љубопитна да дознае нешто повеќе.

Мајкитедомаќинкисе зависни од своите партнери

Како прво, во истиот момент кога започнувате да живеете со својот партнер започнувате да функционирате како тим. Како второ, ова е 21ви век и многу мајки – домаќинки се образовани и постојано го надоградуваат своето знаење, способности и вештини. Тие се жени кои не бараат спонзори туку партнери кои ќе ги почитуваат и како домаќинки и како вработени жени.

Сите мајки – домаќинки ја обожаваат својата работа

Вистината е дека не мора да го обожавате секој дел од фактот што сте домаќинка за да бидете добри во тоа. Да се биде домаќинка е исто како и секоја друга работа – има добри и лоши денови, добри и лоши моменти, но сите тие работи ја сочинуваат професијата.

Семејствата каде што мајката е домаќинка се богати

Многу од луѓето сметаат дека ако жената е дома тоа значи дека тоа семејство има многу пари. Тоа е апсолутно погрешно. Многу од овие семејства би посакале тоа да е вистина, но всушност, да се биде домаќинка нема голема поврзаност со парите. Меѓутоа, тоа не значи и дека се сиромашни и таа одлука била донесена заради подобро воспитување на децата.

 

 

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com