ВТОРНИК, 12 ЈУНИ 2018

Не е доцна за совршеното тело за на плажа: напитоци кои ќе ви помогнат да ги намалите килограмите

Сигурно ви изгледа како вчера да го правевте планот дека до јуни ќе го имате совршеното тело за на плажа. Но, тоа не значи дека треба да ве фаќа паника, бидејќи ние ви откриваме одлични напитоци кои ќе ви помогнат да ги намалите килограмите.

Секако, треба да запомните дека најдобрите резултати се постигнуваат со напорно вежбање, во комбинација со здрава исхрана. Сепак, додадете ги овие сокови на вашето дневно мени и ќе видите дека понекогаш навистина се случуваат чуда.

Детокс сокови

Соковите за детоксикација се најдобри сојузници во борбата против килограмите. Правете ги во комбинација на цитрусно овошје, со коренест зеленчук, кој има многу влакна. На пример, направете сок од морков, ѓумбир и портокал. Сигурно ви е познато колку е важно да консумирате антиоксиданти, за вашиот организам да биде заштитен од негативните влијанија на околината. Редовно правете вакви здрави, детокс сокови, отстранете ги токсините, хемикалиите и останатите опасни супстанци кои се собираат во вашето тело и секако уживајте во вашиот убав изглед.

Сокови од зеленчук

Овие сокови исто така помагаат во намалувањето на килограмите. Соковите од зеленчук се всушност сокови од кељ, зелка, карфиол и броколи, во комбинација со овошје, кое е одлично оружје во борбата против маснотиите. Овие напитоци се препорачливи и поради тоа што го одржуваат под контрола нивото на хормони.

post cover photo

Зелен чај

Овој чај стотици години се користи за детоксикација и намалување на килограмите. Доколку секој ден пиете по една шолја зелен чај, тогаш ќе ја добиете потребната доза на антиоксиданти и вашиот метаболизам ќе се забрза. Всушност, овој чај ви помага да го држите апетитот под контрола и генерално да внесувате помалку храна.

Овошен микс

Доколку не сте од оние кои пијат многу вода, а сакате да го избегнете внесувањето на голема количина шеќери и калории од газираните и густите сокови, тогаш едноставно почнете да подготвувате сокови дома. Ставете го овошјето во соковникот и уживајте. Овошниот микс е богат со витамини, го забрзува метаболизмот, помага во заштита од различни инфекции и го зајакнува имунитетот. Задолжително додадете круша и брусница, бидејќи тие се идеални за слабеење.

Црно кафе

Црното кафе содржи антиоксиданти кои се борат против слободните радикали и ја намалуваат шансата од појава на различни типови на канцери и срцеви заболувања. Секако, внимавајте да не пиете кафе со вкусови, шеќер или млеко. Само класичното кафе може да ви помогне во слабеењето.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com