ЧЕТВРТОК, 10 МАЈ 2018

Етерични масла што треба секогаш да ги имате во домот

Масажата со етерични масла се препорачува за сите оние кои сакаат да се опуштат, релаксираат и да го намалат стресот. Покрај убавиот мирис, на етеричните масла им се препишуваат голем број здравствени придобивки. Тие го подобруваат расположението и когнитивните способности, ги ублажуваат симптомите, го намалуваат стресот и уште голем здравствени придобивки. Ароматерапијата со овие масла е исто така многу корисна која може да ви помогне при несоница, проблеми со варењето на храната, инфекција на забите, подобрување на меморијата и релаксација. Прочитајте за кои билки станува збор.

post cover photo

Еукалиптус

Еукалиптусот е одличен лек против настинки. Тоа е дрво со раскошна крошна кое потекнува од Австралија и во народната медицина најмногу се користи за болести поврзани со дишните органи. Најважното што треба да го знаете е дека има антибактериско дејство и помага да не се разболите, како и побрзо да го совладате грипот. Додадете неколку капки еукалиптус во сад со жешка вода и вдишувајте ја водата која испарува. Еукалиптусот ја забрзува и работата на мозокот и се препорачува за воспаление на синусите, како и хроничен бронхитис. Како алтернативна опција можете да ја искористите аромата на еукалиптус како освежувач за просториите.

Лаванда

Маслото од лаванда има смирувачки ефекти и е природен лек против несоница. Терапијата со масло од лаванда ги смирува нервите и вознемиреноста, па затоа се препорачува за мигрена, главоболка, депресија, нервна напнатсот и емоционален стрес. Интересен факт е и тоа што кремите врз база на лаванда имаат широка примена при кожните проблеми со акни и мозолчиња, а шампоните за коса го намалуваат ризикот од губење на косата и го поттикнуваат растот.

Рузмарин

Рузмаринот е добро позната медитеранска билка која уште многу одамна се употребува во куилинарството поради својот специфичен мирис. Оваа билка се користи во салати, супо, печен зеленчук и во јадења со месо. Уште од дамнешно време билкарите тврделе дека рузмаринот ја подобрува меморија, а научните тоа и го потврдуваат. Етеричното масло од рузмарин е богато со компоненти кои се корисни за јакнење на долготрајното памтење и концентрацијата.

Нане

Маслото од нане има доста широка примена при грижата за физичкото и менталното здравје на човекот поради својата специфична арома и лековитите својства. Маслото од нане, исто така има аналгетски и анестетски својства и помага во ублажување на иритациите. Се користи и во производи за орална хигиена и производи за справување со непријатниот здив, како што се: паста за заби, вода за испирање, спреј за уста и јазик, а почесто и како база за вкус на прехрабени производи, најчесто гуми за џвакање и слатки.Нането поттикнува будење од умствениот замор. Мирисот е освежителен и е одличен избор кога стомакот ви е вознемирен, имате главоболка и чувствувате дека се разболувате. Етеричното масло од пеперминт има уникатен мирис кој може да ве релаксира и истовремено да ви послужи како стимуланс за подобра концентрација. 

Чајно дрво 

Маслото од чајно дрво има голем број на здравствени придобивки и се употребува во борбата со вирусите, инфекциите и бактериите, а е препорачливо и за деца. Освен тоа, ако имате проблеми со првут или опаѓање на косата, тогаш разредете го маслото и нанесете го на скалпот со што ќе го поттикнете растот на косата и засекогаш ќе му кажете збогум на првутот.

 

 

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com