САБОТА, 12 МАЈ 2018

Сѐ што можете да направите денес за да бидете убави по 10 години

Првата работа која треба да ја знаете е дека не може да постои убавина без нега и грижа за самите себе. Вашиот изглед и сликата која ја оставате за себе е тесно поврзана со психофизичкиот баланс на вашето тело. Ако вашата цел е да бидете убави и по 10 години, без разлика на годините, не можете да ги затворите очите пред добрите навики и здравиот начин на живот. Што е тоа што можете да направите денес за кое вашето идно јас ќе ви биде благодарно, прочитајте подолу.

post cover photo

Слушајте го своето тело

Сите знаеме: трката со времето е напорна и стресна, а истовремено потребна е дополнителна енергија. Првата работа која треба да ја направите е да забавите ритамот и да почнете да посветувате повеќе внимание на пораките кои вашето тело ви ги испраќа. Доколку вашето тело не е во совршен баланс сето, може да дојде до појава на кожни проблеми, несоница, варијации во телесната тежина.

Изборете се со стресот

Едно од најдобрите решенија за да се одлободите од стресот е медитацијата. Позитивните ефекти од медитацијата се многубројни, а според научните истражувања потребни се два месеци медитирање за да предизвикате промени во мозочните региони кои се поврзани со меморијата, емпатијата и стресот. Освен тоа, со медитацијата ќе развидете свесна техника на дишење што претставува една од алатките во борбата за живот без стрес и напнатост.

Редовна физичка активност

Не ви е потребен научник да ви каже дека редовната физичката активност ќе ви помогне да бидете поздрави и да изгледате помладо. Меѓутоа, научно е докажано дека кога практикувате редовна физичка активност, не само што ќе се чувствувате подобро и посреќно, а воедно и ќе изгледате помладо, го забавува процесот на стареење дури и на клеточно ниво. Според друго истражување кое било спроведено врз жени кои редовно вежбале и жени кои поголемиот дел од времето седеле. Резултатите покажале дека жените кои не го вклучувале спортот во својот животен стил изгледале околу 8 години постари за разлика од нивните врсници.

Квалитетен и добар сон

Сонот е основна човечка потреба, која е важна за одржување на добро здравје. Доколку спиете помалку од потребното не само што ќе чувствувате поголем замор, вашата концентрација значително ќе се намали, а продуктивноста на работа ќе биде минимална. Кога влегувате во длабок сон церебралниот кортекс влегува во фазата на обновување со цел регенерација на телото. Квалитетниот сон за жените е од посебна важност, затоа што тогаш се регенерира кожата.

Здрава исхрана

Начинот на исхрана е исто така важен сегмент од внатрешната и надворешната убавина. Усвојувањето на медитеранската се смета за еден од најздравите начини на исхрана помеѓу нутриционистите. Медитеранската диета е начин на исхрана кој главно се базира на нутриционистички препораки за следење на исхраната. Оваа диета предвидува редовна физичка активност и консумирање на растителна храна, овошје и зеленчук, маслиново масло како основен извор на масти, млечни производи, риба и месо од живина во умерени количини, 1-4 јајца неделно, црвено место во мали количини и вино во мали до умерени количини. Медитеранскиот начин на исхрана е еден од најздравите во светот: го заштитува мозокот, штити од срцеви болести и го намалува ризикот од рак.

Заштитете ја кожата од сонцето

Сончевите зраци го забрзуваат процесот на стареење на кожата и се опасни по здравјето. Без соодветната заштита, тие можат да предизвикаат нарушување во епидермисот. Сè почестото дијагностицирање на карциномот на кожа се поврзува со директното изложување на кожата на сончевите зраци. Затоа, внимавајте на вашата кожа и почитувајте ги препораките на дерматолозите. Редовно следете ги промените на кожата, посебно на бенките, кои може да бидат првиот аларм за пред појава на карцином на кожа.Одбегнувајте го директното изложување на сонце во периодот од денот кога УВ индексот е алармантно голем (од 10 до 16 часот) и редовно користете средство за заштита од сонцето со заштитен фактор.

Редовна нега и грижа за својата кожа

Секоја жена сонува за прекрасна и нежна кожа и по 10 години. Тоа што можете да го направите за да успеете во тоа е да следите дневен третман, свој ритуал за убавина кој е специјализиран и соодветен за потребите на вашата кожа. Чистете го лицето наутро и навечер, користете квалитетни креми, регенерирачки маски за лице со хранливи материи и не си легнувајте со шминка, не заборавајте на ексфолијацијата и отстранувањето на мртвите со што оптимално ќе го намалите процесот на стареење на кожата.

 

 

 

 

Интервју со Едина Муса: За да живееш живот со големи достигнувања мораш потполно да веруваш во себе

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com