ВТОРНИК, 15 МАЈ 2018

Мотивацијата на работното место е еден од најголемите предизвици - како да останете мотивирани?

Доколку во моментов сте на работа и набљудувате што се случува надвор низ прозорецот, додека вашите задачи и обврски се зголемуваат, можеби е време да го прочитате ова. Да се задржи мотивацијата на работа може да претставува еден од најголемите предизвици со кои ќе се соочите во кариерата, но за среќа, постојат некои мали работи кои можете да ги направите за да го зголемите вашите ентузијазам на работа.

post cover photo

Големите задачи поделете ги на помали

Понекогаш е тешко да го задржите фокусот на целта кога се соочувате со големи и обилни задачи. Тие одземаат многу време и труд и ви се чини дека нема излез. За да си ја олесните работата најдобро е големите задачи да ги поделите на помали и да почнете да ги решавате полека една по една. Остварувајќи ги помалите задачи, ќе бидете повеќе мотивирани така што ќе се наградите со мало задоволство за секоја завршена задача. Малите победи на дневно ниво се многу подобри од работењето со денови без никаков резултат.

Визуелен преглед

Ако спаѓате во групата луѓе кои ги одолговлекуваат своите обврски и не ги завршуваат задачите навреме, треба да знаете дека тоа може да биде опасно по вашето ментално здравје, бидејќи води до депресија. Доколку имате обврски кои треба да бидат завршено во одредена временска рамка, направете визуелен преглед на работите и поставете го на вашата работа маса. Ова е одличен начин да ја изразите својата креативна страна, истовремено движејќи се кон успехот.

Променете ја работната средина

За сите оние кои работат од дома или во истата канцеларија секој ден, ова е од фундаментално значење. Промената на работната средина може да ја зголеми вашата мотивација и да ја подобри вашата продуктивност. Поентата е да ја промените перспективата, па дури и ако само значи да ја промените позицијата на работната маса. Понекогаш малите промени можат да ве одведат до големите успеси.

Променете ја секојдневната рутина

Слично како и промената на работната средина, промената на секојдневната рутина исто така ќе ви помогне да го подигнете нивото на мотивацијата и ентузијазам на работа. Изберете го подолгиот пат до работа, купете го кафето од друга кафетерија... Луѓето се суштества од навика, но понекогаш е многу важно да се отстапи од секојдневните навики и рутини.

Правете паузи

Како очекувате да останете мотивирани на работи, ако веќе се чувствувате под стрес и изморено? Кога сте зафатени и кога имате премногу работа и кога ви се чини дека паузата е последното нешто што ви паѓа на памет да го направите, тогаш е вистинското време да престанете со работа и да одвоите малку време за себе за да направите кратка и квалитетна пауза. Колку и да ви звучи контрапродуктивно, кратките и редовни паузи, всушност ја зголемуваат продуктивноста.

Побарајте професионална помош

Хроничното одложување и одолговлекување на работата може да биде знак за одредени психички проблеми и треба да знаете кога е време да побарате професионална помош. Реагирајте на време, решете го проблемот и започнете да ги завршувате задачите во определниот временски рок.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани. Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com