СРЕДА, 16 МАЈ 2018

Облекувајте се според хороскопскиот знак: пролетни модни трендови совршени за вас

Ги користите ли доволно пролетните денови за да ги презентирате вашите најдобри модни комбинации? Поголемиот дел од дамите се заљубени во пролетта, а кој не би бил, кога разнобојните цвеќиња, прекрасните раззелените дрвја и сончевото време го зголемуваат позитивното расположение и инспирираат секој ден.

Оваа пролет сигурно повторно се посветувате на вашиот стил и сакате пред луѓето да ја покажете вашата уникатност и убавина. За секогаш да успевате да го правите тоа, потребно е да ги избирате парчињата облека кои вам совршено ви стојат. Сега ви ги откриваме трендовите кои се совршени за вас според вашиот хороскопски знак. Бидете најмодерната дама и оваа пролет!

Овен: сламена шапка

Вашиот знак е секогаш главен, па затоа ви е потребен впечатлив моден додаток кој ќе ја надокнади вашата доминација и ќе го истакне вашето прекрасно лице. Сламената шапка не е идеална само за на плажа, оваа пролет носете ја со вашите секојдневни комбинации и бидете поинакви од другите.

Бик: асиметрично деколте

Припаднички на овој хороскопски знак, сега е моментот да им покажете на останатите како изгледа една дама со уникатен и модерен стил на облекување. Оваа сезона инспирирајте со блузи и фустани со асиметрично деколте и верувајте дека каде и да се појавите, погледите ќе бидат вперени во вас.

Близнаци: виножито

Зошто да одберете само една боја, кога можете да ги носите сите бои од виножитото на вас? Виножитото веќе од неодамна е инспирација за модните комбинации, а вие во ваквите парчиња облека дефинитивно ќе заблескате во полн сјај. 

Рак: гумени парчиња

На чувствителните ракови им е потребна облека којашто ќе може да ги заштити од надворешниот свет. Но, доколку сакате да бидете забележани, тогаш потребно ви е најдете облека која ќе ве заштити, но и ќе направи да изгледате уникатно и модерно. За оваа сезона тоа се гумените парчиња, па затоа навреме надополнете го плакарот со соодветните модели.

Лав: реси

Како лавици сигурно сакате постојано да бидете во центарот на вниманието, па затоа за оваа сезона за вас главен тренд се парчињата облека со реси. Секое ваше движење ќе изгледа моќно доколку почесто носите здолништа, блузи, кошули, фустани или пак накит и чанти со реси. Уживајте во вниманието оваа пролет!

Девица: бела блуза на прерамки

Едноставноста вас отсекогаш ве привлекувала, па затоа оваа пролет најдобро ќе се чувствувате во комбинација со бела блуза на прерамки. Кобинирајте ја на различни начини и бидете храбри во изборите кои ги правите.

Вага: розово + црвено

Покажете им на останатите дами кој е главниот тренд за оваа сезона. Розовата и црвената боја никогаш толку не се комбинирале како сега, а оваа комбинација секако дека вам најубаво ви стои. Уживајте во боите на љубовта и романтиката и пленете со вашиот изглед.

Скорпија: очила со остри форми

Сонцето силно грее, а вам ви се потребни очила за сонце кои ќе направат да се разликувате од останатиот свет. Оваа сезона за вас се резервирани очилата со остри форми, па затоа не пропуштајте да си купите неколку модели со кои ќе изгледате неверојатно.

Стрелец: лилакова боја

Оваа боја е хит во 2018, па затоа воопшто нема да ви биде тешко да најдете различни лилакови модели. Бидете нежни и комбинирајте ја бојата на различни начини, бидејќи така најдобро ќе можете да го претставите вашиот идентитет.

Јарец: во бело од глава до петици

Како еден од најамбициозните знакови, вам ви е потребна облека во која ќе се чувствувате моќно и доминантно. Верувале или не, во бела комбинација од глава до петици ќе се чувствувате како да сте над сите и вашата самодоверба ќе го достигне врвот.

bella.mk

Водолија: темен тексас

Изгледајте кежуал и оригинално, бидејќи тоа е секогаш вашиот начин да го претставите личниот стил. Оваа пролет најдобро ќе изгледате во комбинација на темен тексас, па затоа не плашете се да носите такви палта, панталони и здолништа. 

Риби: набрана облека

Секогаш опуштени и смирени, рибите потсетуваат на сирени, самовили и ангели... затоа сега совршена облека за вас е онаа со набрани детали. Изгледајте волшебно и оваа сезона!

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com