НЕДЕЛА, 24 ЈУНИ 2018

Станете господар на утрата - што можете да направите за да станете утринска личност

Кога сѐ би било совршено сите би биле утрински личности, сите ќе се будиме полни со енергија подготвени да го пречекаме новиот ден. За жал, не живееме во совршен свет и голем број луѓе имаат развиено утрински ритуали кои можат да се сметаат за успешни само доколку успеете навреме да пристигнете на работа, без да го истурите кафето на својата кошула.

post cover photo

Спијте повеќе

Голем број луѓе би биле утрински личности кога би имале повеќе време за спиење во текот на ноќта. Квалитетниот сон го обновува телото и му ја дава потребната енергија за претстојниот ден. За да бидете одморени потребни се од 7-9 часа, но секој човек е различен. Воспоставете рутина на будење во текот на работните денови и за време на викенд и секогаш будете се во исто време. Иако ви звучи примамливо да останете будни подолго во ноќта кога немате обврски, но прирдржувањето до рутината е од главно значење за добар и квалитетен сон.

Вежбајте наутро

Утринските вежби се одличен начин да се разбудите, а воедно ќе ви го разведрат денот и ќе ви дадат енергија обврските кои треба да ги завршите. Најдоброто време за вежбање е веднаш штом ќе се разбудите и да започнете веднаш пред да се предомислите. 

Престанете да го притискате копчето SNOOZE 

Сите знаеме колку е примамливо ова копче рано наутро. Но, за промена, зошто да не му се спротивставите и не станете веднаш од креветот? Кога ќе заѕвони алармот, разбудете се  и искористете 10 минути дополнително време за да го испиете вашето утринско кафе или да уживате во шолја чај. Релаксирајте се и размислете што сакате да постигнете во текот на денот. Направете си план за да ги организирате вашите мисли и задачи и искористете го времето и енергијата на поефикасен начин.

Внесете природна светлина во спалната соба

Создадете атмосфера на изгрејсонце во вашата спална соба за да можете да се разбудите природно и без многу мака. Светлината му кажува на вашето тело дека е време за будење. Утринската светлина им помага на луѓето да го започнат денот посвежи и посреќни. Затоа не заборавајте на витаминот Д. Не е сончев ден? Излезете надвор најмалку 15 минути на свеж воздух или седнете до прозорец кој ве изложува на природна светлина.

Намалете со алкохолот пред спиење

Ништо не го прави пострашно утрото од мамурлакот. Дури и ако спиете минимум 8 часа алкохолот ќе направи да се разбудите исцрпени затоа што алкохолот има негативно влијание врз квалитетот на спиењето. Водете грижа за исхраната, ако јадете попаметно, ќе спиете подобро и ќе се чувствувате поздраво.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk. 

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com