ВТОРНИК, 22 МАЈ 2018

6 здрави намирници кои секогаш треба да ги имате во вашата кујна

Сите знаеме дека треба да практикуваме здрава исхрана, односно секојдневно да внесуваме овошје, зеленчук, протеини. Но, за педноставен начин, наполнете ја вашата кујна со неколку важни намирници, кои секојдневно ќе можете да ги консумирате. Ова е едноставна листа, која навистина ќе ви помогне да го одржувате вашето здравје, а покрај тоа секогаш да се чувствувате сити.

Зарем има нешто подобро од тоа да консумирате здрава храна, а секогаш да се чувствувате сити?

Леблебија

Многу експерти советуваат да се избегнува консумирање на месо, а повеќе да се јадат оброци кои содржат зеленчук. Но, како тогаш да внесувате доволно количество на протеини? Одговорот е едноставен: со лебелебија! Леблебијата содржи големо количество на протеини и затоа е одлична да ја консумирате почесто.

Јајца

Јајцата содржат протеини, витамин Д и витамин Б12, а според една студија откриено е дека жолчките содржат антиоксиданти, кои се добри особено за процесот на стареење. Препорачливо е да консумирате домашни јајца, со цел да можете повеќе да ги искористите хранливите материи. 

Зеленчук

Сигурно досега ова сто пати ви го кажале: јадете салати! Вистината е дека салатите се многу здрави, секако ако не ги јадете со сосови кои содржат многу калории. Јадете зелена салата, зелка, морков, цвекло, прокељ, краставици, домати... едноставно правете богати салати полни со витамини.

Лимони

Само еден лимон содржи 50% од витаминот Ц кој треба да го внесете во текот на еден ден. Затоа, практикувајте да додавате цеден лимон во топла вода или зелечн чај, кои ќе ги пиете наутро.

post cover photo

Јогурт

Јогуртот е еден од најздравите напитоци и задолжително е секогаш да имате барем едно шише во фрижидерот. Можете да го консумирате и во комбинација со семиња или пак мусли. Позитивната работа кај јогуртот е тоа што е одличен извор на протеини, а исто така го подобрува варењето на храната.

Банани

За бананите е исто така познато дека се здрави, па затоа секогаш имајте ги во вашата кујна. Одлични се појадок и за ужина, бидејќи заситуваат, а вашиот организам го снабдуваат со голем број хранливи материи. 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Morion

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com