ВТОРНИК, 29 МАЈ 2018

17 места кои треба да ги посетите пред да исчезнат

Постојат толку многу прекрасни места низ светот кои навистина вредат да ги посетите. Понекогаш во животот една од најдобрите цели е да ви биде колку што можете повеќе да патувате и да посетувате нови дестинации. Патувањето ве надградува како личности, ви помага да размислувате надвор од кутијата и да излезете од вашата комфорна зона, ве исполнува со позитивна енергија и нуди запознавање на нови култури и нации. 

Жалната вест е тоа што климатските промени, загадувањето и постојаниот развој се закана за прекрасни природни чуда. Се претпоставува дека, за помалку од 100 години, голем број од прекрасните места ќе бидат исчезнати засекогаш. Затоа, резервирајте го вашето следно патување и уживајте на некоја од овие локации. 

Сејшели

Ова тропско место е дом на голем број плажи, корални гребени и природни убавини, како и ретки животни (гигантска желка Алдабра). Жално е тоа што Сејшелите брзо исчезнуваат поради ерозијата на плажите.

Планината Килиманџаро, Танзанија

Снежните врвови на планината Килиманџаро полека исчезнуваат. 85% од снегот веќе е растопен.

Националниот парк Тикал и Ел Мирадор, Гватемала

Ел Мирадор, откриен во 1926 година, е населба на колумбиските Маи, која се наоѓа на северниот дел на Ел Петен, Гватемала. Поради постојаните незаконски грабежи и горење на шумите, овие мистериозни урнатини се изложени на ризик дека ќе бидат потполно изгорени.

Сундарбанс, Индија и Бангладеш

Шумата Сундарбанс зафаќа површина од околу 10.000 км2 во Индија и е позната по својата уникатна мангрова шума. Но крајбрежјето еродира, како што се зголемува нивото на морето. Фосилните горива, обесшумувањето и загадувањето се голем неријател на големиот број загрозени видови на кои оваа шума е дом. Еден од нив е кралскиот бенгалски тигар.

Глечери во Патагонија, Аргентина

Познати по неверојатниот поглед, глечерите во Патагонија постојано се намалуваат поради зголемувањето на температурите и намалувањето на врнежите.

Венеција, Италија

Венеција е изградена на повеќе од 100 мали острови на Јадранското море и поголемиот дел од нејзините канали исчезнуваат како последица од поплавите и градот буквално потонува.

Мачу Пикчу, Перу

Историското светилиште, Мачу Пикчу е цитадела на Инките, која се наоѓа високо на планините Анди во Перу. Прекумерното посетување, лизгањето на земјиштето и ерозијата можат да предизвикаат уривање на урнатините.

Галапагос

Овие острови се сметаат за најголемата светска дестинација за гледање на дивиот свет, но за жал последните години екосистемот е загрозен од туризмот и инванзивните видови.

Мртвото море

Познато по своите лековити својства, Мртвото Море е исполнето со минерали кои можат да се најдат во плетеницата на терапевтската козметика. Секоја година се намалува и се предвидува дека целосно ќе се исуши.

Еверглејдс, Флорида

Зачуваните мочуриште, распространети на 1,5 милиони хектари, се смеета за најзагрозените паркови во САД. Урбаниот развој, зголемувањето на водата и новите видови предизвикаат сериозно еколошко вознемирување на Еверглејдс. 

Алпи, Европа

Климатските промени, заедно со ниската надморска височина, предизвикуваат намалување за 3% од мразот во глечерите на најголемите планини во светот. До 2050 година се претпоставува дека на Аплите нема да постојат глечери.

Тувалу

Поради ризикот да биде преплавена со вода, оваа мала полинезиска нација, од 9 острови, се наоѓа на само 5 метри над морето.

Таџ Махал, Индија

Оваа прекрасна градба експертите претпоставуваат дека ќе пропадне како последица од загадување и ерозија.

Пирамидите во Египет

Загадувањето и ерозијата може да биде причина за уништување и на овие прекрасни градби.

Амазон, Бразил

Најголемата дождовна шума во светот е дом на голем број различни видови, во моментов е жртва на обесшумување поради земјделска експанзија.

Кинески ѕид

Кинескиот ѕид е стар повеќе од 2000 години, а се претпоставува дека во наредните 20 ќе биде потполно уништен, бидејќи веќе две третини се оштетени.

Малдиви

Како последица од климатските промени, овој остров познат по прекрасните плажи, сините лагуни и големите гребени полека тоне. За помалку од 100 години се претпоставува дека потполно ќе исчезне.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com