СРЕДА, 30 МАЈ 2018

Направете сами: маска и пилинг од кафе

Поголемиот дел од дамите не можат да го замислат денот без кафе. Доколку и вие спаѓате во оваа група, тогаш треба да знаете дека кафето, покрај тоа што ќе го разубави вашиот ден, тоа има моќ да ја разубави вашата кожа, коса и е одлично средство за пилинг.

post cover photo

Кафето содржи антиоксидантни својства, па затоа практикувајте ги следните начини за вашиот изглед секогаш да биде прекрасен.

Утринска маска за лице

Покрај тоа што денот ќе го започнете со пиење шолја кафе, започнете го и со маска за лице која ќе ја направите сами. Маската од кафе ќе ви помогне да ги елиминирате токсините од вашата кожа и да заблескате во најдобро светло. Потребни ви се две лажици кафе, две лажици какао во прав, две лажици полномасно млеко или јогурт и една лажица мед. Измешајте ги сите состојки и потоа нанесете тенок слој на лицето. Маската оставете ја 15 минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.

Пилинг

Пилингот е одличен за третирање на кожата и отстранување на мртвите клетки. Најпрепорачлив е природниот пилинг, кој поефикасно ја отстанува нечистотијата, а кожата ја остава нежна и сјајна. За пилингот со кафе потребни ви се три лажици кафе, една лажица природно масло по ваш избор (маслиново, кокосово, бадемово итн.) и една лажица кафеав шеќер. Измешајте ги сите состојки, а потоа додадете го маслото. Доколку сакате погуст пилинг, тогаш додадете повеќе кафеав шеќер. Масирајте го телото со нежни, кружни движења, а потоа исплакнете со топла вода.

Третман за сјајна коса

Кафето позитивно влијае и на вашата коса, па затоа доколку сакате да го подобрите сјајот и јачината на вашата коса, практикувајте го овој третман. Потребни ви се само кафе и вода. Сварете јако кафе, а потоа разблажете го со вода. Оставете го да се олади, така што температурата ќе биде пријатна за вашата кожа. Потоа, напитокот ставете го на косата и одозгора ставете пластична капа за коса. По 20 минути исперете ја косата со млака вода.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com