ПОНЕДЕЛНИК, 11 ЈУНИ 2018

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

"Еден е животот и е многу краток за да се помине во монотонија, омраза и завист. Искочете во потрага по непознатото."
Овие зборови се огромен мотив за Ивана да ја продожи приказната наречена Around Gaia заедно со својот партнер Ману. 
Со години читаме во сите светски списанија многу убави, исполнети и восхитувачки работи за овој пар коj со мотор го преврте целиот свет, а сега и ние имавме шанса да ѕирнеме малку повеќе во нивното минато, идните планови и приватниот живот. 

post cover photo

Каде и како започна вашата љубовна приказна?

Љубовната приказна започна во 2009 година на Миконос. Јас го имав последниот испит за во септемвриска сесија, да го положам за да дипломирам на Правниот факултет и одлучив летото да го поминам релаксирано на Миконос и да поработам во исто време. Работата за тоа лето беше со другарка да продаваме накит на плажа на туристите, таму на истите плажи каде што јас продавав, продаваше и еден симпатичен висок дечко, со чоколаден тен и плава косичка. Неколку дена се дружевме, разговаравме и Ману (од Шпанија) постојано ми раскажуваше за неговите патувања и авантури и за неговите идни планови кои беа повторно патувања. Тоа ми се допадна од првиот момент и посакав да патувам и јас далеку и да имам партнер со кој би можеле да живееме таков живот заедно. На Миконос се забавувавме еден месец и после тоа секој по својот пат. Јас назад во Скопје да го завршам факултетот, а Ману на патување во Јужна Америка. По два месеци комуникација на социјалните мрежи, се сретнавме во Куба. Ја избравме Куба во тој момент бидејќи за македонски пасош не е потребна виза. Од тој момент, од тоа патување во Куба, па сѐ до денеска сѐ уште патуваме заедно низ животот и низ многу различни места во светот.

 

Вие го живеете сонот на речиси секоја млада личност – постојано патувате и посетувате интересни локации. Кој беше клучниот момент кога одлучивте да започнете со патување со мотор?

Патувањето со моторот се случи сосема случајно. Неплански. Пред ова патување со мотор, патувавме со возови, автобуси, автостоп, авион и брод. Но, во 2012 година бевме во Индија и купивме еден многу стар мотор со кој за време од 3 месеци ја заобиколивме оваа држава. На тоа патување сретнавме многу луѓе кои патуваа околу светот на различен начин и нѐ инспирираа и мотивираа за и ние да се обидеме. Ни се допадна начинот на патување со мотор, бидејќи секој ден стекнувавме неверојатни искуства. По ова патување во Индија се вративме назад дома и го купивме сегашниот мотор со кој го започнавме патувањето. Без никаков план, без никаква организација, ниту спонзори ни економска поддршка од никој. Сами со огромна волја и желба. Најдоброто и она што нѐ спои со Ману е тоа што и двајцата ги правиме работите во животот спонтано, без многу планирање и без страв во впуштање во нови ситуации.

Сите со нетрпение ги очекуваат вашите фотографии и се воодушевуваат на вашата храброст, но тоа што малкумина го знаат, а навистина ги интересира е како се финансирате и каде преспивате во текот на вашите патувања?

Како што кажав претходно, патувањето го започнавме сами, без никаква економска, ниту никаква помош. За ваков успешен подвиг најважно е да имаш голема желба, љубов да го правиш тоа, трпение и упорнст. Пари може да се заработат сегде каде и да си. На почетокот на патувањето тргнавме со многу мала заштеда која ја имавме со Ману, а самиот пат и големата желба за уште патување нѐ натера да се стекнеме со неколку нови знаења и вештини со кои за време на патувањето заработувавме. Прво, трошоците ни беа сведени на минимум. Научивме да бидеме среќни и задоволни и да живееме со малку, односно со најосновните работи. Спиевме каде ќе се снајдеме. Многу пати бевме поканети кај луѓе дома, во шатор, пожарникарни станици, будистички темплови и цркви. Не само што на тој начин можевме да заштедиме пари, туку станавме многу богати во познавање и знаење на различни култури и традиции. На тој начин можевме да живееме заедно со локалното население и да дознаеме повеќе за нив. Научивме да фотографираме, за подоцна камерата да ни стане главна алатка за приходи. Почнавме да пишуваме за списанија и да продаваме статии и фотографии од нашето искуство, одржувавме мотивациони говори во сите земји каде што поминавме и подоцна дојдоа сами и неколку светски компании кои нѐ спонзорираа и нѐ ангажираа за кратки проекти за кои бевме платени. Така, на тој начин со самото патување и искуство го исплативме патувањето. Парите што ги заработивме истите ги потрошивме за време на патувањето, но се вративме дома најбогати со искуство, пријатели и убави моменти кои ќе ги паметиме засекогаш.

Од 2013 до 2017 година бевте на пат околу светот. Колку вкупно километри поминавте со вашиот мотор и колку земји посетивте?

Точно, патувањето траеше 4 години. Поминавме 170.000 км и поминавме 70 земји вкупно. Ја поминавме Европа, Централна Азија, Југоисточна Азија, Австралија, Јужна, Централна и Северна Америка и цела Африка. Што значи сите континенти освен Антарктика каде и не би можеле да возиме мотор.

Какви беа подготовките за ова патување? Дали однапред имавте направено план за тоа како ќе патувате и дали имавте направено истражување за местата кои сакавте да ги посетите?

За ова патување околу свет немавме никаков план ниту подготовки и мислам дека е тешко и не би било исто искуството доколку беше планирано. Ниту пак истражувавме за местата. Целото патување беше спонтано и секој ден и секое ново место беше изненадување, а за местата учевме во моментот кога ги посетувавме и од локалното население. Посетивме голем број од некои од најпознатите светски атрактивни места, но исто така многу повеќе нѐ интересираа и воодушевија некои од сѐ уште недопрените природни богатства и помалку искомерцијализирани места. Мислам дека и патувањето беше толку интересно и убаво од таа причина, што сѐ беше спонтано и неплански.

Кои земји ви оставија најголем впечаток и каде луѓето се најгостопримливи?

Секое место го паметам по некој интересен момент и секое место е убаво само по себе од различни причини. Тешко ми е да одвојам едно. Можам да кажам дека според мене најгостопримливи беа луѓето во Централна Азија. Возевме по познатиот Silk Road, каде пред многу години бил пат на трговците и патници и луѓето во оваа област сѐ уште ја имаат задржано таа култура да си помагаат меѓусебно и да ја отворат вратата од својот дом на оние кои патуваат, да те послужат со топол чај, оброк и кревет.

Генерално луѓето од помалите места и оние кои имаат многу помалку, се луѓе кои го вреднуваат животот и важните работи во животот повеќе и секојпат се спремни да помогнат.

Што научивте од вашето патување и дали има нешто од другите култури, што многу ви се допадна и одлучивте да го присвоите?

Од едно вакво патување секојдневно се учи. Прво ќе се запознаеш добро сам себе, потоа ќе научиш да ги померуваш границите на возможното и невозможното, научивме да живееме и бидеме среќни со малку, да почитуваме различни култури и традиции. Многу ми се допадна културата во Азија, каде сите на улица се поздравуваат со насмевка и додека бевме таму се научивме да ја применуваме, но кога преминавме во Австралија повеќе не важеше тоа зашто луѓето ни се чудеа и понекогаш дури се лутеа ако ги поздравиш или ако им се насмевнеш. Научивме да се адаптираме и приспособиме на сите места и ситуации.

Научивме дека секое лошо се случува со причина за после да дојде нешто многу подобро.  

Вашите патувања се вистински авантури. Кое е мислењето на вашето семејство и пријателите и дали ја имате нивната поддршка?

Морам да кажам дека ова патување беше навистина авантуристичко и си сносеше само по себе опасности и тешкотии, но се се поминува со позитивна мисла, издржливост и желба. Секако поддршката од дома беше најголема. Иако мислам дека не им било во ниту еден момент лесно ниту сеедно да видат дел од моментите со кои се соочувавме, сепак тие ми ја даваа најголемата поддршка и сила за да продолжам. Секако дека на едно вакво патување има многу неубави, тешки и ризични моменти на кои им се потклекнува лесно и секако дека јас лично имав многу пати такви моменти.

Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам, но мајка ми и покрај тоа што ѝ било најтешко што сум долго време далеку од дома и изложена на многу опасности и тешкотии, сепак таа беше главен поддржувач за да го завршам патувањето зашто знае колку тоа би ми значело и колку патувањето ме прави среќна.

Кога сте во Скопје, што најмногу сакате да правите и каде најмногу сакате да излегувате?

Оваа година по завршување на патувањето поголемиот дел од времето го поминавме во Скопје во подготовки на нов проект за патување. Во Скопје времето максимално го искористивме да се видиме со фамилијата и пријателите. Многу често за викендите одиме со друштво да искачуваме некои од планинските врвови во Македонија што ги имаме многу. Многу често сме во Маврово, секојдневно во Скопје одам на пилатес кај Маја во Боди Концепт за да ја одржам физичката спремност за наредното патување и многу често го искачуваме Водно и возам велосипед. За нас Водно е најголемото богатство на нашиот град.

Вашата следна цел е експедицијата во Јужна Америка. Која беше причината од мотор да се префрлите во комби возило?

Планот беше прво Јужна Америка па се смени зашто сега е таму зима. Планираме да почнеме од Њујорк и да возиме од Алјаска сѐ до Ушуаја. Со мотор беше уникатно и незаменливо патувањето, но понекогаш и доста тешко заради временските услови и условите на патиштата, но исто така бевме многу органичени со тоа што може да понесеме со нас.

Се одлучивме со комбе, зашто веќе е време да се вдомиме, наместо да се стационираме во куќа во некој град, ние одбравме светот да продолжи да биде наш двор, а куќа да ни биде комбето и секојдневно да спиеме на различно место. Комбето ќе биде наш дом, канцеларија за работа и ќе ни овозможи да одиме и да останеме на некои изолирани места подолго време, каде што со моторот не можевме да одиме заради временските услови.

Какви се подготовките за наредното патување?

За наредното патување купивме старо комбе 30 години и од патничко го трансформиравме во кампер. Целата оваа трансформација ја направивме во Скопје. Неколку компании со големо срце и желба ни помогнаа во овој процес за фарбање и лимарија, за изработка на мебел, монтирање на струја и сите електрични уреди со што сега комбето е спремно за да отпатува за Њујорк. Во преговори сме со уште неколку компании за испраќање преку океан на комбето и секако секоја друга компанија што би сакала да учевствува во овој проект и да патува со нас е добредојдена.

Кои се вашите планови во иднина?

Во иднина планот е да продолжиме да патуваме и да собираме искуства. Сите тие искуства од минатото патување беа забележани и за истите пишуваме книга која би сакале да ја издадеме оваа година. Исто така имаме многу видео материјал кој на некаков начин ќе биде изработен и објавен исто така во скоро време.

Кое е вашето мото и каков совет ќе им дадете на луѓето кои сакаат авантури и патувања?

Најтежок е првиот чекор, одлуката за да се напушти конфорната зона и да се искочи да се истражува светот. Посакувам и препорачувам секој да го живее и прави она што го сака и што го прави среќен, само така ќе бидеме подобро општество. Не се плашете од непознатото. Во светот има многу подобри луѓе отколку лоши, само што медиумите им даваат повеќе значење и простор на лошите. Еден е животот и е многу краток за да се помине во монотонија, омраза и завист. Искочете во потрага по непознатото.

Varumin

Интервју со Around Gaia: Имаше моменти кога сакав да се откажам и вратам

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com