СРЕДА, 27 ЈУНИ 2018

Откријте кој негативец од Дизни цртаните сте според вашиот хороскопски знак

Без разлика колку години имате, мора да признаете дека Дизни цртаните засекогаш ќе останат вашите омилени и засекогаш ќе чувате место во вашето срце за убавите приказни на Дизни ликовите. Сигурно веќе се пронаоѓате во добрите ликови, но дали некогаш сте помислиле кој негативец од Дизни цртаните би биле вие? Сега ви го откриваме тоа! Пронајдете го вашиот хороскопски знак и дознајте во кој Дизни цртан филм би ја имале негативната улога.

Овен - кралицата Срце од „Алиса во земјата на чудата“

Многу лесно се разбеснувате кога не е по ваше и потребен ви е натчовечки напор за да се смирите. Импулсивна личност сте, бучна и имате краток фитил. Многу често имате напади на бес, а најчесто тоа се случува без потреба и посебна причина. Ретко покажувате дека се каете за своите постапки, бидејќи знаете да бидете немилосрдни.

Бик - Готел од „Златокоса“

Вие сте тврдоглави, посесивни и сакате да манипулирате. Вистински сте хедонисти и ве привлекува надворешната страна, па затоа многу ретко ја забележувате убавината која се крие однатре. Спремни сте да направите сѐ за да го остварите тоа што го сакате. Луѓето ве сметаат за материјалисти. 

Близнаци - принц Ханс од „Замрзнато кралство“

Со вас луѓето имаат проблем, бидејќи имате две лица. Понекогаш се служите со лаги и превари, а понекогаш сте многу добри, поштени и искрени. Кога ќе се најдете во лоша и непријатна ситуација, експерт сте во снаоѓате и превртување на приказната. Секогаш ги искористувате чувствата и наивноста на другите. Многу често знаете да изигрувате жртва за луѓето да се смилуваат на вас.

Рак - Скар од „Кралот Лав“

Никогаш не сте задоволни со тоа што го имате, знаете да бидете љубоморни и огорчени и сметате дека животот е неправеден кон вас. Имате проблем со вашето големо, но чувствително его. Многу се сожалувате, но тоа не ве спречува да се осветувате на сите околу вас.

Лав - Гастон од „Убавицата и Ѕверот“

Суетни сте и полни себе, секогаш сакате да бидете во центарот на вниманието. Забавите на кои присуствувате или се најдобрите во градот или се претвораат во спектакл бидејќи сите очи се вперени во вас. Луѓето ве доживуваат како размазено дете, кое сака сѐ да биде по негово. Понекогаш имате испади на бес и не ги бирате средствата за освета, кога сметате дека немате нешто што вам ви припаѓа.

Девица - судија Клод Фроло од „Квазимодо“

Вие се карактеризирате како ладна и немилосрдна личност. Најчесто се трудите да биде праведни, но правдата ја доделувате според тоа во моментот како се чувствувате. Ништо не може да ве сопре на патот кон остварување на вашите цели, а притоа не бирате средства.

Вага - злобната самовила од „Заспаната убавица“

Се носите со елеганција и во моментите кога ќе се налутите можете сѐ да срамните со земја. Подобро е никој да не се најде на вашиот пат, инаку лошо ќе си помине. Склони сте кон освети и ги напаѓате оние кои ви замеруваат. Вашите испади на бес се прав спектакл за сите присутни.

Скорпија - лошата кралицата од „Снежана и седумте џуџиња“

Горите од бес и љубомора кога ќе почувствувате дека вашата положба е загрозена и секој збор го земате при срце. Чувствувате силна желба за освета која е проследена со омраза. 

Стрелец - Круела де Вил од „101 далматинец“

Имате авантуристички дух и играте на сѐ или ништо. Често не успевате да ги остварите вашите замисли, но тоа може да се спречи ако размислите подетално пред да се впуштите во ризик. Но, сепак вие сте личност која веднаш дејствува, а потоа мисли на последиците.

Јарец - Леди Тремејн од „Пепелашка“

Сакате да бидете „главна“ и многу често знаете да го дигнете носот. Многу често се служите со отровни зборови, а луѓето околу вас имаат недостаток на самодоверба бидејќи ги гледате со понижување. Невозможно е да се исполнат вашите желби и секогаш се „радувате“ на туѓите неуспеси.

Водолија - Изма од „Царевото ново одело“

Покварени сте и многу често е тешко да ве разберат. За себе сметате дека се попаметни од другите, што секако е погрешно и ве доведува до погрешни постапки. Сакате да ги држите работите под контрола, бидејќи никој тоа не би го направил подобро од вас. Меѓутоа, кога работите нема да тргнат во вистинскиот правец, сакате да си ја скриете главата во песок. 

Риби - капетан Кук од „Петар Пан“

Мрзеливи сте и не сакате да мрднете ни со прстот, па затоа другите ги завршуваат работите за вас. Полни сте со негативни емоции, а многу често имате и панични стравови. Но, не е добро тоа што незадоволството го искажувате на луѓето кои ги сакате.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk. 

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com