ЧЕТВРТОК, 23 АВГУСТ 2018

Планирате патување во Париз? Овие 11 места мора да ги посетите!

Париз - градот на светлината, градот на љубовта. Главниот град на Франција е едно од оние места кое секој мора да го посети, бидејќи таму можете да создадете спомени кои се паметат за цел живот. Едноставно кога чекорите низ улиците на Париз, добивате некое чувство како градот да ве прегрнува и навлегува толку длабоко под вашата кожа, што едноставно сакате уште повеќе да истражувате.

Планиравте патување во Париз? Дефинитивно сте направиле одличен избор. Доколку сѐ уште не направивте листа со местата кои треба да ги посетите, нашите предлози ќе ви помогнат да не заборавите да ги посетите најважните места.

Триумфална капија

Едноставно не можете да одите во Париз, а да не одвоите време да ја видите Триумфалната капија. Спектакуларна е да се види во живо, а покрај тоа секој ден во 18:30 часот можете да гледате посебна церемонија. Пламенот на сеќавање се разгорува навечер во спомен на Непознатиот војник, кој бил погребан во основата на капијата во 1921 година.
 
Бонус: доколку се качите на врвот на панорамската тераса, ќе бидете сведоци на неверојатен, уникатен поглед кон авенијата на Елисејските Полиња.
 
 

A post shared by Henry Do (@henry_do) on

Плоштад Трокадеро

Не постои подобро место од кое можете да ја гледате Ајфеловата кула! Задолжително одете на плоштадот Трокадеро и уживајте во совршениот видик. Моментот направете го поинтересен и уживајте во погледот дегустирајќи од познатите француски вина и кроасани.

 

A post shared by Olive (@misterolive95) on

Крстарење по реката Сена

Разгледувањето на романтичните места во Париз додека крстарите по реката Сена е задолжителна работа при вашата посета на француската претстолнина. Постојат голем број на компании, така што лесно ќе најдете брод со кој ќе уживате во неверојатните погледи кон градот. Овозможете си едно вакво поинакво искуство.

Les Enfants Rouges

Овој раздвижен пазар е совршеното место за да го заситите вашиот празен стомак, без разлика на тоа за каква храна сте расположени. Можете да пробате различни јадење од либанската, јапонската, африканската кујна, па дури и доколку сте за некои пофенси рецепти. На ова место можете да најдете и органска храна, како и некои необични оброци кои досега не сте ги пробале.

Катедралата Нотр Дам

Уште едно иконско место, кое е задолжително да го штиклирате на вашата листа со посетени места во Париз. За оваа готска катедрала биле потребни 170 години за да изгради и секако дека ќе останете без здив кога ќе ја видите пред своите очи.

Grand Train

Уште едно прекрасно место со одлична храна и одлични луѓе. Grand Train е одличен начин да поминете убаво летно попладне во Париз.

Канал Св. Мартин

Пешачењето тука е како да сте избегале во некое селце во средината на центарот на градот. Неверојатните железни пешачки мостови и големиот број на дрва создаваат идилична атмосфера. Со шик барчиња и тренди народ, овој предел околу каналот е убаво место и одличен избор за секој дел од денот.

 

A post shared by romain (@romain.grg) on

Монмартр

Кога ќе го посетите Монмартр несомнено ќе ви стане јасно зошто Винсент Ван Гог и Пабло Пикасо биле инспирирани од овој бохемиски крај. Има толку многу работи кои можете да ги видите и да ги правите тука, така што можете да поминете еден цел ден губејќи се меѓу убавата архитектура и уживајќи во вкусните храна и пијалаци. Важно: Мулен Руж е тука, па затоа искористете ја можност да го видите првото кабаре изградено во 1889 година, кое многумина го нарекуваат родното место на танцот кан-кан.

Кулите на Нотр Дам

Не двоумете се дали да се трудите да искачите 402 скали на кулите на Нотр Дам, бидејќи кога ќе стигнете на врвот и кога ќе го доживеете погледот, ќе сфатите дека навистина се исплатело. Препорачливо е да одите изутрина или подоцна во текот на денот, со цел да ги избегнете големите гужви, бидејќи само по 20 луѓе е дозволено да се качуваат во исто време. 

 

A post shared by Wardah (@wardah.u) on

„Те сакам“ ѕидот

Париз е град на љубовта и секако дека има ѕид кој го нарекуваат „Те сакам“. Овој ѕид ја „прославува“ љубовта на милионите заљубени посетители кои доаѓаат во градот. На ѕидот, „те сакам“ е напишано на 250 јазици и е навистина романтично место кое треба да го видите со вашиот партнер. 

 

A post shared by DY🇹🇼Taiwan (@raisingseanamber) on

Ајфеловата кула

Секако дека нема потреба да ви кажуваме дека треба да ја посетите Ајфеловата кула, бидејќи Париз е познат по неа, а таа многу често е и причина зошто туристите сакаат да го посетат Париз. Ајфеловата кула е симболот на Париз и симболот на романсата. Покрај тоа што ќе уживате во нејзината грандиозна убавина, искачете се на врвот и уживајте во прекрасното чувство кое го нуди погледот. Ќе се чувствувате како да сте го освоиле Париз. 

 

A post shared by MJ • NYC / PARIS (@nyctoparis) on

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com