ВТОРНИК, 17 ЈУЛИ 2018

Ова лето збогувајте се со овие трендови за на плажа

Подготвени за на плажа? Не потполно, доколку не знаевте за овие трендови кои повеќе не се тренд! Кажете им збогум на овие трендови за на плажа и бидете модерни покрај прекрасното море.

Triangl костим за капење

Овој костим за капење сигурно го знаете, но можеби не сте знаеле дека е од брендот Triangl, поради тоа што голем број на други брендови го копираа, а кај нас може да се најде во секоја продавница. Овој модел е познат по црните рабови, а најчесто е во повеќе, впечатливи бои. Иако неколку сезони е голем хит, ова лето веќе нема да бидете уникатни доколку го носите на плажа. Заменете го овој костим за капење со кадифен костим, кој станува актуелен оваа сезона.

Парео

Пареото веќе излегува од мода и покрај тоа што оваа шарена долга марама, со интересен принт, одлично ги крие сите недостатоци на телото. Сигурно веќе сте запознаени со трендот кој доминира на плажите, а тоа се долгите, тенки наметки, кои можете да ги носите и како фустани, а одлично го надополнуваат изгледот за на плажа. 

Костим за капење со траки

Последните години дамите „полудеа“ по овие модели на костими за капење. Мора да признаеме дека навистина беа актуелни и хит, со оглед на тоа дека носите едноделен костим, но кој има траки и открива голем дел од вашето тело. Одличен начин е за да изгледате уникатно на плажа, но од оваа година е веќе застарен тренд. Ова лето воодушевувајте со едноставноста. Актуелен тренд се едноделните костими со цветен или полка точки дезен.

Светли и неонски нијанси

Екстремно светлите бои неколку сезони беа хит на плажа. Но, сега модата повикува повеќе на природни бои. Затоа, збогувајте се со светлите, неонски нијанси и заменете ги со актуелни костими за капење. Бирајте еднобојни костими или пак цветни дезени.

Пом-пом сандали

Декорациите со пом-пом беа огромен тренд, по кој сите дами се „запалија“. Шешири, чанти, чевли... сѐ украсено со пом-пом топчиња. Но, нивниот врв на популарност беше минатата година, така што ова лето повеќе не се во тренд. Пом-пом сандалите заменете ги со модели со металик нијанси.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com