ПЕТОК, 30 НОЕМВРИ 2018

Справете се со целулитот по породувањето

Бременоста е најубавиот дел од животот на една жена, но носи одредени промени кај женското тело, кои можат често да бидат причина за грижа. Еден од проблемите е целулитот, кој се појавува за време и по бременоста. Меѓутоа, добрата вест е дека можете да се справите со целулитот, на едноставен и здрав начин, со помош на домашни лекови и промени во секојдневните навики. 

post cover photo

Масажа

По бременоста, секоја жена заслужува и треба да ужива во луксузна, долга масажа која опушта. Да, сигурно веднаш ќе кажете дека немате време за тоа, но сепак не грижите се, бидејќи секогаш може да се најде малку време. Препорачлива е масажа кога мускулите се опуштени. Користете комбинација на масла, со бадемово, маслиново и масло од семки на сусам, кои се одлични за целулит. Органските масла ја чистат кожата и ги отстрануваат токсините. Оваа комбинација е најкорисна во ублажување на кожата. Помага за враќање на нормалната рамнотежа, тонот на кожата и најважно од се' ја храни кожата. 

Лесната масажа за време на бременоста ќе ја зголеми циркулацијата на крвта и лимфите. Подобрената циркулација го намалува ризикот од целулит. Како бонус, масажите во текот на бременоста ви помагаат подобро да спиете и го намалуваат стресот.

Нежно втријте го маслото на местаат каде што е видлив целулитот. Почнете масирање со штипкање на кожата, со цел крвта да дојде до површината. Друг начин е кожата да ја фатите со двете раце, како да цедите пешкир.

Четкање на кожата

„Четкањето“ помага да се отстранат токсините. Почнете од стапалата, а потоа движете се нагоре. Потоа четкајте го долниот дел од рацете. Одете кон рамениците и назад. Нежно четкајте ги градите и стомакот. Тоа можете да го правите сами пред бањање и пред спиење. Четката со која го правите тоа треба да биде од природни четини. Ваква четка можете да најдете во секоја продавница.

Природен пилинг за целулит

Целулитот можете да го тргнете и сами, дома со помош на пилинг. Масажата и пилингот ѝ помагаат на кожата да има подобар проток на крв, а доколку ја користите оваа смеса со кафе, тогаш ќе направите и одлично дејство на затегнување. Потребни ви се 3 лажици шеќер, 2-3 лажици кокосово масло, 1/4 шолја кафе. Сите сосотјки измешајте ги за да добиете смеса како крем и чувајте ја во стаклен сад.

Масирајте ја кожата неколку минути, со силен притисок, а на крајот измијте како и обично. Третманот користете го 2-3 пати неделно.

Исхрана

Заборавете на брзата храна, пржената храна, мрсното месо, сирењето, маринадата и висококалоричните производи. Исто така, избегнувајте и намирници кои содржат вештачки ароми и бои.

Овошје и зеленчук

Најважното нешто што треба да го правите е да јадете овоше и зеленчук. Тоа е ниско калорична храна, богата со витамини, минерали, влакна, антиоксиданти и содржи вода. Повеќе практикувате сиров зеленчук, како зелка, зелена салата и друг зелен зеленчук. Додадете повеќе овошје во исхраната, бидејќи содржи целулоца, која е важна за клетките и здравата кожа.

Одржувајте го телото добро хидрирано

Акумулацијата на токсини може да ја влоши состојбата на целулитот во текот на бременоста. Затоа, важно е да ги исфрлате токсините од телото. Добро хидрираното тело ќе може ефикасно да ги исфрла сите токсини од организмот. Пијте повеќе вода и здрави напитоци, како свежи сокови. Исто така, јадете повеќе здрави супи. Избегнувајте преработени сокови, газирани пијалаци и секако алкохолни пијалаци. 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com