ЧЕТВРТОК, 13 СЕПТЕМВРИ 2018

ГЛЕДАЈТЕ: Прва епизода од детската серија „СВЕЌИЧКАТА ОГИ”

Македонската компанија Дримленд, сопственик на познатиот ланец игротеки во Скопје, лансира онлајн серија за деца од претшколска возраст. Од денес, на YouTube каналот на "Свеќичката Оги" сите деца може да ги следат авантурите на најсимпатичната роденденска свеќичка во земјата на соништата, Дримленд. Преку другарувањето со Свеќичката Оги,  Тортичка, нилското коњче Лила и бувот Бубу, децата ќе се забавуваат и ќе го запознаваат светот преку игра, смеа и песна.

post cover photo

„Веруваме дека многу родители ќе се согласат со нас дека на интернет недостасуваат содржини за деца на македонски јазик.Тие понекогаш поминуваат и по неколку часови на телефон и таблет конзумирајќи YouTube видеа на англиски, српски, хрватски, па и на други јазици, во  клучни возрасти кога се развиваат нивните когнитивни способности, меѓу кои и говорењето на мајчиниот јазик. Како семејна компанија чија дејност е поврзана со растењето и развојот на децатa, решивме да направиме серија која ќе им нуди забава, водејќи грижа тоа да биде и корисно за нив", изјави сопственикот на Дримленд Игротеки, Александар Јаковлески.

Меѓу причините да се продуцира "Свеќичката Оги" е и напливот на т.н. клик-беит содржини кои го привлекуваат вниманието на детето со силни бои, звуци и други психолошки трикови, без да го поттикнат самото да си игра и размислува.

„Со Свеќичката Оги и другите ликови од Дримленд, дечињата ќе ги учат бројките, буквите, боите, формите како и многу други активности кои се важни за нивниот психички развој. Сето тоа низ игра, забава и популарни детски песнички, меѓу кои поголем дел се за првпат испеани на македонски јазик", рече Јаковлески.

„Свеќичката Оги" е комбинација од играна акција и анимација, така што во неа сѐ е цртан филм освен главниот лик кој е всушност и новата маскота на Дримленд и со кого децата ќе можат да имаат интеракција во живо, во самите игротеки. Првата епизода од "Свеќичката Оги" може да ја гледате на линкот долу, а нова епизода ќе има секоја среда.

Сите семејства се поканети да нѐ следат на YouTube каналот на Свеќичката Оги, како и да станат фанови на Фејсбук страната на компанијата, со што лесно ќе им бидат достапни новите епизоди. Известувања со линкови од новите епизоди ќе се испраќаат и преку мобилната апликација на Дримленд.

Дримленд постои 11 години и со континуирано вложување во својот развој стана најпрепознатлив македонски бренд во својата област, со над 20 илјади прославени детски родендени и над 150.000 часови поминати во безгрижен дневен престој.

„Изградивме заедница од десетици илјади семејства со кои играме, растеме и славиме заедно. Благодарни сме за нивната доверба и тоа нѐ мотивира постојано да инвестираме во квалитетот и разновидноста на нашите услуги. "Свеќичката Оги" e уште една таква инвестиција и наш начин да возвратиме на довербата на семејствата кои со години го бираат Дримленд за своја игротека", истакна Јаковлески.

ПР текст

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com