ЧЕТВРТОК, 27 СЕПТЕМВРИ 2018

Предавање на д-р Рикардо Пасони во Музејот на современата уметност во Скопје

На 28 септември (петок) со почеток во 19.00 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, презентација ќе одржи д-р Рикардо Пасони (RiccardoPassoni), директор на Галеријата на модерната и современата уметност во Торино, Италија.

post cover photo

„Галерија на модерната и современата уметност“ е музеј отворен пред 155 години и совршено се вклопува во параметрите на ИКОМ музеите. Колекцијата, што ја сочинуваат над 47.000 аквизиции, постојано се збогатува со дела, почнувајќи од доцниот осумнаесетти век па сѐ до денес. Истата е во константен пораст благодарение на придонесот од Фондацијата Гвидо и Еторе де Форнарис и Фондацијата CRТ за современа уметност.  Колекцијата е главно составена од неколку централни групи: регионална и национална уметност на деветнаесеттиот век; италијанска уметност на дваесеттиот век; современа италијанска и модерна интернационална уметност; како и огромна колекција принтови, а од неодамна, колекција на фотографии. Моменталната поставка низ Музејот ги потенцира почетните фази на музејското минато, со особено внимание на начинот на кој историјата на Музејот се испреплетува во различни контексти со локалните и регионалните настани. Тоа е проследено со вредната за спомнување отвореност на Музејот кон интернационалната уметност по Втората светска војна, која не недостасува и во тековниот избор на уметнички дела. Во тоа време Музејот почнал да го прифаќа и јазикот на новата уметност: експерименти од 60-тите години со фотографијата и уметничките видеа и филмот, сфера во која колекцијата на GАМ е водечка во Италија.

Дигиталната ера ги подобрува археолошките и архивските перспективи на знаењето: ова е основната идеја што стои зад новата музејска инсталација. Во прилог на извршувањата на сите задачи што произлегуваат од кураторството и од проширувањето на колекциите, Музејот, исто така, активно е вклучен во едуцирањето на широката публика. Основната мисија на Музејот во иднина е да даде преглед на модерната колекција, која ќе биде надградувана, и која според големината е единствена во Италија, на национално и интернационално ниво. Интерпретацијата на историјата на уметност низ минатите педесет години сѐ уште не е дефинитивно етаблирана. И токму поради таа причина поставките ќе бидат променливи со цел да се понуди увид во интерпретацијата на колекцијата.

ПР текст

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com