ПЕТОК, 05 ОКТОМВРИ 2018

Бела ноќ во МСУ со Метеори, Свита за Скопје и аудио-визуелен перформанс

На 6 октомври, сабота, Музејот на современата уметност - Скопје програмски ќе се вклучи во 14-тата по ред 24-часовна манифестација „Бела ноќ“, во организација на Младинскиот културен центар и Градот Скопје.

Белата ноќ во МСУ ќе започне во 20 часот, со проекција на филмот „Метеори” (Холандија/Турција, 2017, 84 мин.) на Ѓурчан Келтек.

Снимен преку различни дигитални видео формати, обединети во груб импресионистички црно-бел пејсаж, Метеори го развива својот централен фокус преку неколку странични визури - кои ги замаглуваат копнените, космичките и политичките антагонизми кои го брануваат Турскиот југоисток. Филмот е прочистен од социо-политички детали, но богат со импресионистички слики делува речиси визионерски под звуците на пост-рокот, прикажувајќи  еклипси кои претскажуваат нејасна, но сè поизвесна катаклизма, ловци кои се предаваат во квази-лунарниот пејзаж, и уличните демонстрации кои се распаѓаат во урбаните центри одбележани од насилството на државата.

Филмот „Метеори” е добитник на неколку престижни филмски награди, вклучувајќи и номинација за најдобар филм за 2018 година од Европската Филмска Академија.

post cover photo

Програмата за Бела ноќ ќе продолжи во 21:30 часот соелектроакустичен концерт за пијано и трака „Градот убав и градот шугав - Свита за Скопје,  на Дуња Иванова, по музика на Ана Пандевска. „Свита за Скопје” е фузија на повеќе стилови кои ја отсликуваат музичката приказна на градот Скопје.

Во 23:30 часот програмата ќе заврши со аудио-визуелен перформанс „SCATTER_RADAR”, на Сашо Пуцковски, кој е дел од овогодинешното прво издание на Skopje Light Art District. Перформансот го испитува односот помеѓупросторнотои сензорното внимание на публиката.

Покрај овие три посебни програмски компоненти, за време на „Бела ноќ“, посетителите на Музејот на современата уметност - Скопје ќе можат да ги видат сите изложби до 24 часот, и тоа: „Конекции во колекциите - италијанско-македонски паралели”, изложбата на хрватскиот уметник Владимир Фрелих „BLACK RAW MEMORY” и „Графичката колекција на МСУ”.

Музејот на современата уметност - Скопје е партнер на Бела ноќ 2018.

 

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com