ВТОРНИК, 09 ОКТОМВРИ 2018

Како полесно да се соочите со менопаузата

Менопаузата е неизбежна појава во животот на секоја жена. Тоа е период кога се случуваат телесни и психолошки промени и секоја жена овој период го доживува на различен начин. Започнува зголемување на телесната тежина, сѐ почеста несоница и чувство на нервоза, необјасниви промени во расположението, отсуство на месечен циклус, сексуални проблеми, зголемено потење, но сето тоа варира од жена до жена, кај некои е повеќе изразено, а кај некои помалку.

post cover photo

Сепак, менопаузата е нешто што не може да се избегне и најчесто се појавува на возраст помеѓу 40 и 55 години. Добрата вест е дека постојат одредени работи кои можат да ви помогнат полесно да се соочите со сите симптоми. 

Исхрана

Познато е дека здравиот начин на исхрана е многу важен за одржување на здравјето. Исто така, може да помогне и во текот на менопаузата. Важно е да се избегнува консумација на кафе, алкохол и зачинета храна. Секојдневно внесувајте многу калциум и витамин Д. Тоа може да го правите преку исхрана или преку таблети. Во секојдневната исхрана додадете повеќе риба, семки од тиква, ореви, ленено семе, спанаќ, брокула, кељ за да консумирате повеќе омега-3 и омега-6 масни киселини.

Физичка активност

Трудете се колку што можете повеќе да бидете физички активни. На тој начин ќе го зачувате здравјето на срцето и коските, ќе ги зацврстите мускулите, ќе го намалите стресот, а со тоа ќе се подобри и вашето расположение. Во ситуациите кога чувствувате жешки бранови, трудете се да вдишувате длабоко и бавно. Правете го тоа 6-8 пати во една минута. Ова исто така ќе придонесе за намалување на стресот и ќе ве релаксира.

Хербални лекови

Почнете со консумирање на хербален лек, кој благодарение на природните состојки ќе ви помогне полесно да се справите со менопаузата. Еден од најдобрите хербални лекови, кои можете да ги најдете кај нас е производот Varuklim® на Интер-Еврогенекс. Varuklim® таблетите се користат за ублажување на менопаузалните симптоми и различните менструални пореметувања. Ги намалуваат напливите на топли и ладни бранови, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и развојот на остеопороза кај жените во менопауза.

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk. 

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com