Низ годините, дијамантите останаа најекслузивните скапоцени камења на сите времиња. Но, што е тоа што дијамантите ги прави толку посебни? Еден дијамант не само што има моќ да го освои срцето на дамата, туку е и неверојатен поради фактот дека постои уште пред времето на диносаурусите.
Денеска, дијамантите се познати како симбол на љубовта, со што се одличен подарок за родендени, годишнини, веридби и слични посебни пригоди. Велат, дијамантите се најдобрите пријатели на дамите, а мора да признаете дека постојано пленат со својата убавина и блескавост. Позната ви е уникатноста на овие скапоцени камења, но навистина ќе ви бидат интересни и овие факти, кои сигурно досега не сте ги знаеле за дијамантите.
Дијамантот е најтврд метал на Земјата. Речиси е неуништив и невозможно е да се здроби или скрши.
Дијамантите се појавиле пред три милијарди години под Земјината површина.
Само 20% се користат за правење накит, останатите 80% се користат во индустријата.
Дијамантот може да се оштети или уништи само на температура од 700 степени Целзиусови.
Дијамантот првпат бил користен за острење на секири.
Зборот „дијамант“ потекнува од грчкиот збор „адамас“ што значи непобедлив.
*Прстен од бело злато надополнет со украински топаз и дијаманти.
Првиот дијамантски веренички прстен го добила Марија од Бургундија во 1477 од својот вереник Максимилијан од Австрија, кој ѝ подарил златен прстен со буквата М направена со дијаманти.
Земјите кои се главен извор на дијаманти се менуваат низ годините. Индија бил светскиот оригинален извор на дијаманти, почнувајќи од 1400-тите кога индијскиот дијамант започнал да се продава во Венеција и во други европски трговски центри. Потоа, по 1700-тите Бразил станува главен извор, сѐ до доцните 1800-ти кога бил откриен извор во Јужна Африка. Денеска, рудници со дијаманти има на повеќе делови од светот.
Најголемиот дијамант на светот е наречен Кулинан и тежел неверојатни 3106 карати. Откриен бил во 1905 година во Јужна Африка и бил подарен на кралот Едвард. Дијамантот Кулинан потоа бил поделен на девет големи дијаманти и 100 помали, а три од најголемите се изложени во Лондонската кула како дел од кралскиот накит.
© ladybook.mk Сите права се задржани.
Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.