ВТОРНИК, 25 ДЕКЕМВРИ 2018

Како да изгледате модерно наутро иако немате време за дотерување

Кренете рака ако секогаш ги подготвувате вашите неделни модни комбинации цела недела однапред... Кренете рака ако барем ја подготвувате комбинацијата од вечерта претходно... но ако не сте таков тип, тогаш сигурна секое утро доцните по минимум 7 минути, грабнувате што прво ви дојде од плакарот и се молите дека комбинацијата ќе искочи како што треба. 

post cover photo

За да не изгледате секое утро како да ве облекувало 4 годишно девојче, неколку навистина паметни и модерни дами го пробија кодот за стилски изглед без многу труд. 

Се што ви треба за да ги ипресионирате вашите колеги и шефот со вошиот стил се овие 6 парчиња облека

Oversize капут

Стилска забелешка: Ако повеќето од состаноците се надвор од канцеларијата, оставете го впечатокот додека се приближувате до договореното место. Стилските широки и големи капути се токму тоа што ви треба. Можете да ги носите врз било што, панталони, тесни здолништа, фустани...

Шик ташна за преку рамо

Стилска забелешка: Замислете, во едната рака носите лаптоп, во другата кафе и наеднаш ви ѕвони телефонот... што ќе направите? Замислете колку ќе си бидете благодарни ако дополнително немате и ташна што ја држите во рака. Одберете кафена кожна ташна за преку рамо за поформален изглед.

Цветен фустан

Стилска забелешка: Некогаш е дволно само едно парче за да го постигнете вашиот модерн изглед. Можеби мислите дека цветните фустани се само за во лето, но оваа година се појави тренд на памучни цветни фустани кои одлично прилегаат и во зимскиот период. 

Панталони со широки ногавици

Стилска забелешка: Панталоните со широки ногавици повторно се вратија во мода. Одберете некои со висок струк, комбинирајте ги со кошула и потпетици и спремни сте за вашиот утрински состанок. 

Плисирано здолниште

Стилска забелешка: Не постои по елегантно здолниште од она со средна должина и плис. По можност одберете некое со неколку силни контрасни бои. Комбинирајте го со кошула и џемпер ставен во здолништето.

Ремен на бела кошула 

Стилска забелешка: Сигурно имате бела кошула во вашиот гардеробер, но за комбинацијата со ремен на половина сигурно ќе треба да си купите уште една подолга... вреди верувајте! Нема ништо поубаво од изразен женски струк. Облечете ја врз вашите омилени тесни панталони или врз здолниште со А линија.

 

Винтиџ Инспирација - Од Биркин до Бардо

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com