ВТОРНИК, 05 МАРТ 2019

“NEW VOICES”, КАМПАЊАТА НА МАНГО ЗА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2018 ЈА НАГЛАСУВА МОЌТА НА КУЛТУРАТА ВО ОПШТЕСТВОТО

Познатиот фотограф Аласдир Меклилан ги овековечува Адвоа Абоа, Џоли Алиен, Луна Бил, Саша Пивоварова и Патрик Шварценегер.

Покрај нивната кариера во светот на модата, кампањата ги нагласува и останатите креативни таленти на протагонистите.

post cover photo

Новата кампања на Манго за пролет/лето 2019 спојува повеќе значајни лица од модната индустрија во проект на фотографот Аласдир Меклилан. Користејќи слогани како “Да ја изградиме иднината заедно”, “Нашите соништа ќе ја инспирираат иднината” и “Веруваме во силата на заедницата”, кампањата го истакнува креативниот талент на протагонистите: Џоли Алиен и Саша Пивоварова освен модели се и уметници, Адвоа Абоа е и активистка, Луна е спортистка додека пак актерот Патрик Шварценегер е претприемач.

Оваа порака ќе продолжи да се пренесува и во текот на целата сезона преку разновидни активности и соработки кои ќе им дадат можност за истакнување и на останати талентирани лица во подем, а ќе бидат промовирани преку различните дигитални платформи на Манго со хаштаг #MangoNewVoices.

Електронските звуци и на њујоршкото дуо Chairlift со песната “I belong in your arms”, се музичка позадина на видеото на кампањата.

Колекцијата за пролет/лето 2019 си сплотува современите стилови и комплексните материјали. Оваа сезона понудата содржи дизајни во пастелни бои, како розова, небесно сина и боја на лимета.

Безвременски парчиња како класичните мантили се комбинираат со сосема нови дизајни како бермудите за возење велосипед во уникатна целина. Летните комбинации вклучиваат полу-проѕирни материјали кај блузите и фустаните и специфично боење кај макси блузите. Модните додатоци се исто така во пастелни бои и необични материјали. Кај обувките особено интересни се сандалите со ремчиња, со детали од школка, како и високите патики кои наликуваат на кратки чизми.

За повеќе информации кликнете ТУКА.

ПР текст

Bella prolet 19

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com