Што добивате кога ќе ги измешате колегите од работа со забавна музика и алкохол? Веројатно убаво помината вечер, но и многу прилики за да направите нешто за кое би зажалиле утрото потоа. Затоа, никако не правете ги следниве работи.
• Прво и основно правило: не се „мувајте“ со вашиот шеф, некој колега или пак со партнерот на некој од вашите колеги. Дури и кога сте понесени од духот на забавата ова правило не смеете да го заборавите.
• Иако за забавите на работа не треба да се облечете формално, сепак избегнувајте ги парчињата облека кои откриваат премногу. Сите луѓе кои се на таа забава повторно ќе треба да ги гледате од понеделник до петок, и сигурно не сакате да ве запаметат по храброто деколте.
• Не си дозволувајте да испиете премногу, а потоа и да им кажете на сите со коишто работите како навистина се чувствувате во врска со работите во фирмата.
• Танцувајте само на подиумот за танцување. Столиците, масите и шанкот се забранети.
• Никако не ја користете оваа прилика кога вашиот шеф е расположен и се забавува, за да му спомнете дека сакате унапредување или поголема плата.
• Никако не смеете да се облечете како секси Баба Мразица.
• Не зборувајте за работа цело време додека сте на забавата. Забавите не се ни време, ни место за тоа.
• Не навалувајте на храната како ова да е последен оброк кој ќе го имате во животот.
• Не правете ништо пред камерата или фотоапаратот што не сакате засекогаш да стои во фајловите на вашите колеги.
• Не ја поминувајте цела вечер во флертување со некој од колегите, и никогаш не го канете шефот на дружење по забавата за само.