ПЕТОК, 21 СЕПТЕМВРИ 2018

Совршена коса со алое вера

Досега сигурно сте потрошиле многу пари во салоните за убавина кадешто ви ветувале дека по само неколку третмани со хемиски продукти вашата коса ќе изгледа совршено. Ако и по сите тие третмани сѐ уште не сте задоволни, не очајувајте! Постои природно, а ефикасно решение кое ќе ви помогне да го подобрите изгледот на косата. Алое вера е растение кое има одлично влијание на здравјето на косата, а можете да го употребите и за да го направите најдобриот регенератор за коса што сте го имале.

post cover photo

Зошто алое верата е толку добра за косата?

За алое верата слободно може да кажеме дека прави чуда со косата и скалпот. Ова растение ја зацврстува косата и ја прави поеластична, помага против кршливост на влакното, ја згуснува косата и го спречува нејзиното опаѓање. Исто така, алоето ја одржува влажноста на косата, т.е. го спречува нејзиното сушење, со што се намалува создавањето на првут.


 

Направете домашни алое вера продукти

Начинот на правење на овие продукти е многу едноставен. Ако имате кратка коса, потребни ви се 2 до 3 листа алое, а доколку имате долга коса, ќе ви бидат потребни 3 до 4 листа. 



  • Исечете ги листовите на средина и извадете ја течноста која се наоѓа во нив во форма на желе. Извадете колку што можете повеќе од внатрешноста, така што на крајот ќе останат само корите од листот. Ставете ја содржината во блендер и мешајте додека не добиете убава смеса.

  • Потоа, со помош на цедилка, префрлете ја смесата во еден сад. 

  • Измијте ја косата со шампон и потоа длабински протријте ја со добиената смеса. Исто така, би можеле алое верата да ја помешате со регенераторот кој веќе го користите.

  • Оставете ја смесата на косата да делува околу 5 минути. Потоа, измијте ја косата. Резултатите ќе ги забележите по само неколку миења. 



Ако не можете да најдете алое вера во форма на растение, од која било билна аптека можете да купите масло од алое вера кое не содржи додатоци и ќе го добиете истиот ефект. 

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com