ЧЕТВРТОК, 20 СЕПТЕМВРИ 2018

7 начини на погрешно четкање на косата

Кога зборуваме за косата, без разлика дали е мрсна, сува, со тенко влакно или ја немаме доволно, обично решение е да го смениме шампонот или регенераторот. Трикот за здрава и убава коса можеби се крие во начинот на кој ја четкаме. Иако тоа ни изгледа нормално како пиењето утринско кафе, прочитајте колку е важно четкањето на косата и како со тоа се зголемуваат шансите за подобар изглед на нашиот украс на главата.

post cover photo

Четкање од коренот кон врвот

Четкањето од коренот кон врвот предизвикува „кршење“ на фоликулите на косата. Наместо тоа, почнете на неколку сантиметри од коренот и четкајте дел по дел.

Четкање додека косата е влажна

Секогаш прво исушете ја косата, па исчешлајте ја. И чешлањето на косата додека е водена може да предизвика кршливост и „наелектризиран“ изглед.

Расчеткување со голема четка

Замрсените делови на косата е тешко да се исправат. Но, уште потешко е ако користите голема четка со изглед на лопата. Најлесно ќе ви биде ако најпрво нанесете некој производ кој помага при чешлање на косата. Така косата ќе стане лизгава и чешелот полесно ќе поминува низ неа.

Премногу четкање

Се сеќавате на актерките од старите филмови кои седат пред огледало и ја четкаат косата броејќи до сто? Ваквото чешлање всушност може да предизвика повеќе оштетување. Наместо да броите, фокусирајте се на квалитетот на чешлање; елиминирајте ги јазлите и престанете со четкањето.

Користење погрешна четка

Изберете ја правилната четка за коса бидејќи во спротивно, тоа може да биде погрешен дел од опремата која ја користите. Најдобри се оние четки кои се направени од природни материјали, зашто со нив полесно се пренесуваат природните масла кои се лачат од коренот на косата.

Користење валкани четки

Четките и чешелот треба да се мијат барем еднаш неделно; исто толку колку што ги чистите и апликаторите за шминка. Зошто е тоа важно? Затоа што неизмиениот чешел е одличен начин да ги ставите врз вашата свежо измиена коса валканите остатоци кои се залепиле на него претходниот ден. Како да го измиете? Најпрво отстранете ги влакната кои останале меѓу запците. Нанесете шампон и направете пена. Измијте ја четката и оставете ја да се исуши врз сува крпа.

„Наелектризирана“ коса

Пречестото чешлање може да го предизвика овој ефект. Затоа, пред да ја исчеткате, нанесете малку лак за коса меѓу запците од чешелот; за оние со сува коса, ставете малку специјално масло за коса на прстите. Нанесете врз влакната, па потоа исчешлајте се. Косата повеќе нема да „лета“.

Varumin

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com