САБОТА, 23 ЈУНИ 2018

Како да се грижите за вашите гради?

Грижата за градите е важен дел од вашето здравје, како и целосната слика за вашето тело. Градите се олицетворение на женственоста, па затоа треба соодветно да се грижите за нив. Ние ви посочуваме неколку начини како да го сторите тоа.

post cover photo

Правете проверка секој месец

Ако ракот на градите има историја во вашето семејство, овој совет е од клучно значење да се запамети. Всушност, ова е добра идеја за сите вас, навистина! Раното забележување на грутка на градите е она што го спаси животот на многу жени! Проверката на вашите гради е лесно да се изврши, затоа консултирајте се со вашиот гинеколог кој ќе ви покаже како. Најдобро место за да го направите тоа е под туш со сапуница на раце или додека нанесувате лосион на кожата на градите.

Правилен градник

Верувале или не, еден од најдобрите начини да се грижите за вашите гради е да носите правилен градник. Со текот на времето, градите ќе се спуштат и ќе ги истегнат лигаментите, така што нивната форма нема да изгледа убаво. Вам ви е потребен градник кој ќе ги задржува градите на нивното место. Ова исто така ќе помогне и за други проблеми со здравјето, како и против болки во грбот. Повеќето жени носат погрешен број на градник цел живот без да бидат свесни за тоа.

Хидрирајте ги секојдневно

Градите всушност имаат многу тенка и чувствителна кожа во споредба со целото тело! Делот од кожата која се наоѓа на градите треба постојано да биде навлажнета, а не сува.

Употребувајте млеко за сончање

Немојте да мислите дека само затоа што вашите гради се покриени додека се сончате, не треба да нанесете млеко за тело на делот од кожата каде што тие се наоѓаат. Како што споменавме предходно, градите имаат најтенка кожа од целото тело. Повеќето дерматолози препорачуваат SPF 60 или поголем фактор за овој дел од телото. 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com