НЕДЕЛА, 16 ФЕВРУАРИ 2020

Нега на забите кај деца – кариес предизвикан од бактерии

Родителите често мислат дека расипаните заби на нивните деца се резултат на тоа што децата се мрзливи во миењето на забите и чистењето со конец. Ова е до некаде точно, но малку луѓе знаат дека кариесот кој е предизвикан од посебни бактерии во усната шуплина лесно може да се прошири во целото семејство и да трае цел живот. Интересно е дека кариесот е најчеста хронична болест кај деца, пред  дијабетисот и астмата.

post cover photo

Најмалку 4 милиони деца во светот кои се на предучилишна возраст имаат кариес – а тоа е за 600000 повеќе од бројот на деца со кариес во минатата деценија. Истражувањата направени во Америка покажаа дека ова во голема мера се должи на зголеменото количесво на шеќер во исхраната. Флашираната вода, која не содржи флуор, исто така претставува проблем.

Кариесот е предизвикан од група на бактерии со име mutant streptococcus. Тоа е бактерија која се храни со шеќер и произведува киселина која ја напаѓа структурата на забите со тоа што го исцрпува калциумот. Оваа бактерија создава наслаги со жолтеникава боја кои се таложат на забите и создаваат уште појака киселина која ја уништува глеѓта. Кога делот од забот кој останал без калциум ќе стане доволно голем, површинскиот дел пропаѓа и така настанува кариес.

Бебињата по раѓањето немаат штетни бактерии во устата, а студиите покажуваат дека мајките, многу повеќе од татковците, ги заразуваат своите деца со овие бактерии, до втората година од животот. Ова се случува кога мајките им дозволуваат на децата да јадат со истата лажица, поради тоа што четкичките за заби се чуваат блиску една до друга, или во најлош случај доколку се употребува иста четкичка. Доколку мајките имаат кариес многу е веројатно дека ќе им ги пренесат бактериите на своите бебиња. Тогаш бактериите ќе се населат во усната шуплина на бебето, така што забите стануваат подложни на кариес, како млечните така и трајните, а тоа може да биде болно и да ја отежни исхраната. Често слушаме изјави од типот „Во нашето семејството имаме лоши заби, таква ни е генетиката“ – кои не се точни. Она што е точно е дека во семејството има ниско или високо ниво на бактерии кои предизвикуваат кариес.

Доколку имате проблеми со кариес би требало дополнително да водите сметка за здравјето на забите на вашето дете, да бидете претпазливи и сериозно да го сфатите овој проблем. За жал, антибиотиците не можат да помогнат против бактериите кои предизвикуваат кариес. Затоа педијатрите препорачуваат мерки на претпазливост кај деца за кои сметаат дека се изложени на висок ризик.    

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одржите хигиената на забите кај вашите деца:

  1. Четката на вашето бебе/дете нека биде мека и со заоблен облик, бидејки нивните десни се чувствителни и треба нежно да се третираат.

  2. Менувајте ја четкичката на вашето дете на секои 3 месеци, бидејки така ќе спречите понатамошно размножување на бактериите.

  3. Детската паста која ќе ја одберете треба да содржи флуор, бидејки тој ја засилува глеѓта кај децата.

  4. Научете го вашето дете како правилно да ја користи четката, дадете му јасни инструкции во врска со движењето на четката, должината на миењето и количината на паста што треба да ја користи.

  5. Советувајте го вашето дете да ги мие забите два пати на ден, наутро и навечер пред спиење.

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам
ladybook TRENDING

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com