Ако вам не ви е баш јасно дали сте вљубени или само ви се допаѓа некој, на вашето тело дефинитивно му е јасно. Луѓето имаат обичај да кажат дека едноставно знаат кога се вљубени, а тоа е така бидејќи нашето тело ни дава сигнали кои укажуваат на тоа.
Кога ќе се вљубиме, се активираат 12 делови од нашиот мозок. Еднo истражување направено од Journal of Sexual Medicine, го утврдува токму тоа, како тоа и дека мозокот ја препознава вљубеноста за помалку од секунда.
Вљубеноста влијае врз нивото на хормоните, кои кога сме вљубени, го намалуваат крвниот притисок и срцевиот ритам.
Кога сме вљубени, не можеме да престанеме да мислиме на симпатијата. Верувале или не, тоа може да нè држи будни цела ноќ.
Вљубеноста ги активира истите рецептори во мозокот кои се активираат при употреба на некои аналгетици, и на тој начин ги ублажува болките, покажува една студија наравена на Универзитетот Стенфорд.
Кога сме вљубени мозокот ослободува окситоцин, познат како хормон на љубовта, кој влијае на намалување на меморијата.
Можеби досега не сте биле љубоморни, но кога вистински ќе се вљубите, љубомората се појавува сама од себе. Ова ќе го забележите кога нема да можете да му одоолеете на малиот напад на љубомора, кога вашиот сакан ќе зборува со друга девојка.
Американското здружение на психолози правело истражување, каде студентите, откако пишувале за љубовта биле замолени да пробаат одредена храна или пијалак. Без оглед на тоа што јаделе или пиеле, храната им имала сладок вкус.
Кога сме вљубени, постојано мислиме на таа личност, што ни ја отежнува способноста за концентрирање и фокусирање на секојдневните обврски.
Неколку истражувања покажуваат дека кога зборуваме со личноста во која се вљубени, жените зборуваат со повисок тон од вообичаено.
Верувале или не, научниците воочиле поврзаност помеѓу среќата на паровите и здравјето на нивните коски.