СРЕДА, 02 АПРИЛ 2014

Светот во сино на меѓународниот ден на аутизмот

Денес, на 2 април по седми пат се обележува меѓународниот ден на аутизмот, откако во 2007-та Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за обележување на овој ден. Овогодинештата тема на меѓународниот ден на аутизмот е „Разбирање и прифаќање на лицата со аутизам“. 

post cover photo

Здружението „Во мојот свет“ почнува кампања под мотото „Еден свет за сите“ која ќе се одвива во текот на цел месец, а централниот настан ќе се одржи попладне во Скопје сити мол.

Во рамките на обележувањето ќе биде осветлен и Археолошкиот музеј во сино со што и Македонија ќе се вклучи во светската кампања во рамките на која, истакнати објекти се осветлуваат во бојата на аутизмот и со тоа ја изразуваат поддршката кон лицата со аутизам.

Денот со културна манифестација со мото „Тие не се сами, ние сме со нив“ ќе го одбележи и Македонското научно здружениe за аутизам во Музејот на македонската борба. Во рамките на едночасовната програма ќе настапат ученици од посебните основни училишта „Златан Сремац“ и „Иднина“ од Скопје, студенти од Факултетот за музичка уметност од Скопје, ученици од МБУЦ Илија Николовски Луј и ансамблот „Танец“.

Меѓународниот ден на аутизмот, меѓу другото, има за цел да посочи на важноста за рано откривање и рана интервенција, како и потребата од разбирање на овие лица. Воедно, апелира и на прифаќање на лицата аутизам кои кога се имаат соодветна топла поддршка од заедницата покажуваат исклучителни теленти и вештини.    

Со сплотувањето на организациите од светот, овој ден го крева гласот и за милионите индивидуи низ светот кои се недијагностицирани, неразбрани и бараат помош. 

Прочитајте повеќе за тоа што се е важно да се знае за аутизмот и дијагностицирање и лечење

Мастерклас на Виктор Косаковски и работилница на Јана Цисар на 10. МакеДокс

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com