СРЕДА, 31 ОКТОМВРИ 2018

4 најчести причини за главоболка и како да се ослободите од нив

Ако имате чести главоболки, проверете дали проблемот се должи на овие чести причинители, и откријте како да се ослободите од нив.

Главоболката може да направи многу пореметувања во вашето секојдневие. При големи болки опаѓа концентрацијата и енергијата потребна за завршување на дневните или периодични обврски. Станувате мрзоволни и сѐ што сакате да правите е да лежите во вашиот кревет. Можеби еден ден поминат в кревет ќе ви го зголеми нивото на енергија и ќе ја подобри вашата продуктивност, но честите главолки знаат да ве задржат в кревет со денови и вие станувате робови на вашата глава, а болката станува одговорна за секој ваш потег.  

Ако се соочувате со ваков проблем, прочитајте што може да биде причинител на главоболките и како да се ослободите од нив еднаш засекогаш.

post cover photo

Стрес

Една од најчестите причини за чести главоболки е стресот наталожен во вашето тело. Овој стрес настанува од работата, од проекти со краток рок, од сметките кои треба да ги платите, фамилијата за која треба да се грижите, па дури и од една мала караница со вашиот партнер. Фокусирањето на сите овие обврски може да предизвика чести и ненадејни главоболки. 

Најдобриот начин да се справите со стресот е да го намалите, но ова е полесно да се каже, отколку да се направи. Потребно е да се превземат чекори за намалување на стресот, како на пример:

Сигурно има некоја работа која ве релаксира и уживате додека ја правите. Тоа може да биде читање книга, вежбање јога или едноставно, прошетка во пирода. Правете ги овие работи колку што можете почесто. Работите во кои уживате додека ги правите, ќе го намалат нивото на стрес во вашето тело. 

Проблеми со синусите

Синусите имаат способност да ви создадат огромна главоболка додека сѐ уште не сте ги отвориле очите наутро. Иако само што станавте од кревет, имате чувство дека главата ќе ви експлодира, ќе ве натера да се молите денот да заврши побрзо. 

Понекогаш промената на времето може да води до главоболки предизвикани од синусите, но понекогаш ова може да значи дека се соочувате со некаква инфекција. Ако приметите дека повеќе од еднаш станувате со главоболка, обратете се кај вашиот лекар.

Проблеми со 'рбетот

Без разлика дали станува збор за претходна повреда или вродено искривување на 'рбетот, тој може да предизвика силни главоболки. Ако често имате главоболки, посетете физиотерапевт за да се консултирате дали болката доаѓа од 'рбетот. 

Алергии

Ако никогаш претходно не сте имале алергија, не значи дека како што стареете нема да се појави. Алергии кои се појавуваат во одреден период од годината (пролет или есен) можат да предизвикаат главоболки. Тие се појавуваат заедно со други симптоми како чешање нос, чешање очи или насолзени очи. Ако го имате овој проблем, посоветувајте се вашиот лекар, ставете озонер во вашата соба, и често чистете ја собата од прашина.

Консумирајте хербален лек

Кога не можете да се соочите со главоболката или пак имате проблеми со мигренозни главоболки, тогаш препорачливо е да консумирате хербален лек. Antimigren ® таблетите се 100% природни, чисти и еколошки, кои во својот комбиниран состав содржат активни компоненти. Овој граничен производ помага против главоболки од различно потекло, како и за состојби пропратени со високи температури.

Котур - нашето ново омилено урбано место во Скопје

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com