ПОНЕДЕЛНИК, 17 СЕПТЕМВРИ 2018

Бременоста, еликсир на женското здравје

Не е се во бременоста поврзано со мачнини и стрии. Дали знаевте дека бременоста, всушност, е одлична за здравјето на жените? 

post cover photo

На сите веќе многу добро им се познати многубројните потешкотии во бременоста, како утрински мачнини, тврдата столица, киселини, стрии, хемороиди или грчеви во нозете. Тоа се само некои од непријатните појави кои можат да се јават во бременоста, што прави да ни се чини дека бременоста е повеќе непријатна состојба отколку благосостојба. 

Но, верувале или не, бебето не е единствената добра работа која ќе ја „добиете“ по породувањето. Ураганот на хормони кој ви се случува додека го носите детето не го поттикнува само развојот на бебето, туку и вашето здравје. Кај некои жени здравјето дури и се подобрува по бременоста. 

Иако поголем дел од жените бременоста ја гледаат како позитивно искуство, многу од мајките се сеќаваат само на негативните симптоми на бременоста. Сепак, неретко знаат да кажат дека се чувствувале многу полетно и биле полни со енергија во текот на второто и третото тримесечје. 

Во бременоста се ослободуваме од лошите навики 

Бременоста поттикнува многубројни позитивни здравствени промени, и ве поттикнува да се ослободите од лошите навики. На пример, бременоста е најдобриот и најделотворен поттик да престанете да пушите. Воедно е и многу добра мотивација да излезете на свеж воздух и да вежбате. Истражувањата покажале дека некои групи на жени, на пример оние жени кои страдаат од дијабетес, ја искористуваат бременоста за да научат како подобро да се справат и живеат со својата болест. Често новите навики кои се усвојуваат во текот на бременоста стануваат темели на насоките за водење на поздрав стил на живот. 

По породувањето се намалуваат менструалните болки 

Порано или подоцна, по породување и доењето вашиот менструален циклус ќе се врати во нормала. Но со пропратни позитивни последици. Можно е по бременоста да имате многу помалку непријатни грчеви од порано. Некои жени тврдат дека менструалните болки им се намалуваат значително по бременоста. Зошто се јавува ваква реакција на телото засега не е познато, но она што се знае е дека е прилично вообичаена.

Помал ризик од карцином

Најновите истражувања покажуваат дека бременоста е корисен заштитник против карцином на дојка и јајници. Некои истражувања потврдуваат и дека доењето подолго од три месеци, исто така го намалува ризикот од карцином. Сепак, поради самата природа на карциномот како болест, овие тврдења се основаат врз теории. 

Подобрени сетила

Можеби во бременоста сладоледот од јагоди ќе ви биде повкусен од порано и едноставно нема да можете да одолеете на неговиот вкус. Бременоста понекогаш ја зголемува перцепцијата на сетилото за вкус, поради што можеби се зголемува и сетилото за мирис. Истиот тој нос поради кој на почетокот на бременоста сте имале мачнини, во подоцнежната бременоста прави храната да ви мириса неодоливо. Една од теориите за тоа зошто се зголемува чувството за мирис вели дека ова е инстиктивен начин на вашето тело да ви помогне да избегнете опасни супстанци како алкохол и цигари.

Нова сила низ искуството на раѓање

Многу жени велат дека во бременоста им расте чувството на самодоверба. Ова особено важи за жени кои од самиот почеток немале никакви потешкотии и кои сфатиле дека и понатака можат да извршуваат многу активности. Раѓањето често се споредува со трчање маратон. Факт е дека жените во текот на породувањето наоѓаат нова сила во себе, за да можат да го донесат своето дете на свет. Бременоста и породувањето можат да го променат вашиот поглед на свет. И тоа на подобро! 

Инспиративни жени кои покажуваат дека убавината нема граници

Туризам

ВУДСТОК ДЕВОЈКИ – НАЈДОБРИТЕ СТИЛСКИ МОМЕНТИ ОД 1969

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com