НЕДЕЛА, 17 ЈУНИ 2018

Како до убави стапала во текот на целото лето?!

Во овој период од годината, вашите стапала се постојано изложени на погледи. Но воопшто не е лесно тие да изгледаат добро во текот на целото лето, бидејќи изложеноста на сонце и топли површини како песок и бетон ги прави стапалата суви и груби. Соодветната нега е клучна за совршен изглед во текот на целата летна сезона. 

post cover photo

Правете пилинг барем еднаш во неделата 

Пилингот ќе ви помогне да се ослободите од слојот на сува и мртва кожа, и ќе направи вашите стапала да изгледаат поубаво и да бидат помеки на допир. Воедно, кремовите за хидратација ќе бидат поефективни кога ќе се ослободите од оштетениот слој на кожа. За посува кожа подобра опција се домашните пилинзи со шеќер, наместо со сол. Солта иако ја дотоксицира кожата и ја прочистува од нечистотии, може истовремено да ја дехидрира. 

Избегнувајте киснење на стапалата

Спротивно на популарното мислење, киснењето на стапалата може да предизвика дехидрација на кожата. Наместо да ги киснете нозете во вода, нанесете пилинг со шеќер, маслиново масло и лимон на сува кожа, а потоа избришете го убаво со накисната крпа. 

Чувајте шуплив камен за пети во тушот

Шупливиот камен за пети треба да се користи секојдневно, и треба да стане дел од вашата дневна рутина. Во зависност од тоа колку е нежна кожата која ја четкате, нанесувајте помалку притисок на меките делови и повеќе на тврдите делови.

Хидрирајте

Вашите стапала се поизложени на притисок од остатокот на телото, па затоа имаат тенденција да се сушат побргу. Петата, пак, е заштитена со подебел слој на кожа, што значи дека е потежко да се допре до подлабоките слоеви на кожата која ја обвиткува, и затоа треба малку повеќе да се потрудите кога нанесувате крем. Маслото или лосионот нанесете ги веднаш по туширањето, со цел да ја задржите влажноста која веќе ја има. За уште подобри резултати, нанесувајте крем за хидрација пред спиење.

Не заборавајте да нанесете заштитен крем за сонце

Многу луѓе забораваат да нанесат заштитен крем на стапалата, и прават многу голема грешка. Не само што на вашите прстиња им треба заштита, туку и вашите нокти се направени од протеини и се исто толку ранливи како и вашата кожа. Кутикулите пак, имаат своја намена, тие ја одржуваат влажноста и ги заштитуваат ноктите во нивната основа. Сонцето, ветерот и песокот можат да ги исушат кутикулите и да ја оштетат кожата која го врамува ноктот, што може да биде лошо за растот на ноктот. За да ги избегнете овие проблеми заштитниот крем за сонце нека стане дел од вашата дневна рутина. 

Јадете храна која и годи на вашата кожа

Верувале или не, некоја храна може да направи вашите стапала да потечат. Најчесто виновник на потекувањето на стапала е храната богата со сол. За вашите стапала да изгледаат убаво избегнувајте пакувана храна, бидејќи тие најчесто содржат повеќе сол. Со други зборови, кажете им не на супите во кесичка и на чипсовите. Шеќерот исто така може да предизвика потекување на нозете, па затоа внесувајте го минимално.

Оставете ги стапала да дишат

Бидејќи ноктите се „жив“ дел од нашата анатомија, тие треба да „дишат“ од време на време ако сакаме да продолжат да растата правилно. Затоа се препорачува барем неколку дена во неделата да поминувате без лак за нокти. Ова ќе ви помогне да ја спречите дисколорацијата на ноктите, која особено се јавува со користење на потемни лакови за нокти. 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com