САБОТА, 16 ЈУНИ 2018

Здравствени придобивки од чајот

Покрај тоа што на сите ни се допаѓа мирисот на чајот, докажано е и дека чаевите се добри за вашето здравје. Без разлика на годишното време, чајот е одличен напиток за разладување во лето и загревање во зима. Уште пред 4.000 години во Кина луѓето знаеле дека чајот е добар за здравјето, а потоа убавите зборови за него се прошириле во Португалија, Индија и Британија. Денес, има многу видови на чај и многу различни комбинации на билки.

post cover photo

Здравје

Со тек на времето, чајот стана промотер на здрав живот. Антиоксидансите кои ги има во чајот се борат против голем број болести вклучувајќи рак на црниот дроб, рак на дојка и рак на дебелото црево. Според National Cancer Institute, чајот се состои од полифеноли, група на билни хемикалии кои вклучуваат катехини. Се верува дека катехините се виновни за сите здрави придобивки од чајот. Последните истражувања тврдат дека зелениот чај може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести, да ја подобри оралната хигиена, да го редуцира крвниот притисок и да помогне во контрола на телесната тежина. Исто така, зелениот чај штити од штетните УВ зраци, а е добар и за кожата.

 

Кофеин

Чајот има помалку кофеин од кафе, што го прави според некои нутриционисти поздрав. Колку повеќе кофеин прима телото - толку повеќе кофеинот не делува. Важно е да не се прими повеќе од 400 милиграми дневно. Една просечна чаша полна зелен или црн чај има 14 - 70 милиграми кофеин. Една чаша еспресо има 65 милиграми кофеин.

Намалување на стрес

Многу луѓе очекуваат пиењето чај да ги релаксира и да им ја намали анксиозноста. Една од придобивките од пиењето чај е дека ја продолжува младоста. Релаксацијата не мора секогаш да се однесува на одмарање и спиење. Наместо тоа можете да се напиете чај од Ашваганда. Ашвагандата е билка која ги смирува нервите.

Според научните истражувања, Ашваганда ги смирува нервите и има анти-тумор ефект кај животните, а ја подобрува меморијата кај децата Ашваганда има и анти-артритички својства кои се добри за луѓето кои имаат артритис или остеопороза.

Дигестија

Чајот дефинитивно делува на дигестивниот систем. Чајот од ѓумбир ги намалува внатрешните гасови, има голема количина витамин Ц и магнезиум. Научниците велат дека овој чај помага кај мачнината од хемотерапија и бременост.

Други чаеви кои помагаат во дигестивните проблеми се нане, камилица и кора од лимон.

Ментална јасност

Билката готу кола често се користи како чај. Оваа билка е во иста фамилија билки како магдонос и најмногу се користи и ја има во Индија, Јапонија, Кина, Индонезија, Јужна Африка, Шри Ланка и јужниот Пацифик. Готу кола е супер лек за луѓето кои страдаат од проширени вени и некакви кожни болести. Се верува дека оваа билка помага во пренесувањето на информации до мозокот, а во исто време и го балансира. Има неколку нус појави, посебно кај оние кои често ја користат, па препорачливо е луѓето кои што сакаат да ја користат да се информираат добро.

Придобивките од чајот се многубројни, а и луѓето покажуваат голем интерес за него. Кога имате повеќе видови на чај дома, можете да ги комбинирате и да експериментирате. 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com