ПЕТОК, 30 НОЕМВРИ 2018

Тест: Каква личност сте под површината?

Овој интересен тест ја открива суштината на вашиот карактер, ставајќи ве во замислени, но многу важни животни ситуации. Одлуките во ваквите околности ја откриваат суштината на вашата личност. Тестот се решава брзо и лесно, забавен е и може да ве научи нешто ново за себе. 

post cover photo

Одговорете на прашањата:

1. На подот има неотворена кутија. Што има во неа?

2. Кога би можеле да одберете едно место каде што ќе го поминете остатокот од животот, каде би се наоѓало тоа место?

3. Талкате изгубени низ пустина цел ден и конечно гледате село во делечината. Меѓутоа, набргу забележувате и оаза, која е малку поблиску. Каде ќе се одлучите да одите?

4. Што би направиле кога би се нашле сосема изгубени некаде?

5. Да претпоставиме дека утре е недела. Како ќе го поминете денот?

6. Ако сте во неволја, кому би му се обратиле за помош?

7. Да можете да бирате, во кој период од животот (детство, пубертет, сегашните години...) би живееле засекогаш?

8. Ако некој ви каже дека имате уште само 24 часа живот, како ќе ги „потрошите“?

9. Да можете да сочувате само една работа од пожар, што би било тоа?

Анализа на одговорите:

1. Вашиот одговор открива како гледате на неочекувани ситуации. Ако замисливте нешто што нема вредност за вас тогаш верувате дека среќата и добрите работи не доаѓаат лесно, како и дека не ви се предодредени.

Доколку замисливте богатство или нешто вредно, тогаш очекувате дека ќе бидете богати еден ден.

Ако претпоставивте дека кутијата е празна, тогаш не верувате во среќа и премногу сте практични и реални. 

2. Доколку се одлучивте за местото каде сега живеете, тогаш сте задоволни и удобно ви е таму каде што сте.

Ако одбравте некое далечни место, вие сакате да сонувате и тежнеете кон романтични нешта.

Ако не можете да се одлучите, тогаш не сте склони на предаденост или врзување со луѓе и места. 

3. Ова прашање е поврзано со вашата работна етика. Ако ја одбравте оазата, вие доаѓате први на работа, а заминувате последни. Не сакате правила и прописи, и одвреме навреме реагирате импулсивно. Сакате да правите повеќе работи истовремено, а понекогаш одолговлекувате со работата. 

Ако отидовте право во селото, тогаш вие сте оној кој ја превзема одговорноста. Внимателно го планирате својот ден и знаете како да го искористите времето. Ги почитувате роковите, а повеќе сакате да ги доработувате проектите, отколку да ги започнувате. 

4. Оние кои решиле да почнат од нула се луѓе кои се подготвени да превземат одговорност за своите постапки, а не само мирно да ги прифаќаат промените во својот живот. 

5. Вашиот одговор го опишува начинот на кој раководите со финасии. Ако одговоривте дека сте слободни да ставите се и сешто, тоа значи дека и парите ги трошите како ќе ви падне на ум и немате контрола.

Ако одлучивте дека ќе останете дома, значи дека обично кога одите во шопинг трошите се што имате.

Ако се одлучивте за спортски активности, имате обичај да штедите за „црни денови“. 

Ако одбравте да одите на прошетка, вие трошите внимателно и рационално. 

6. Оние кои одговорија дека ќе се обидат сами да се снајдат имаат силен карактер и се прилично самоуверени. 

Ако се одлучивте за пријателите и семејството помалку сте несигурни и не сте подготвени да прифатите потполна одговорност во тешките ситуации. 

Оние кои бараат практичен совет од адвокат или други професионалци се реални. 

7. Годините кои ги одбравте го претставуваат периодот во кој сте биле најсреќни. Оние кои сакаат да се вратат во детството се луѓе кои не сакаат да превземат одговорност. 

Ако ја одбравте сегашноста вие сте зрела и успешна личност. 

8. Ако се одлучивте да бидете со луѓето кои ги сакате, имате сентиментална природа и сте многу емотивни.

Ако повеќе би сакале да бидете сами, можно е често да се незадоволни и нерасположени.

Ако се одлучивте за забава и добар провод, тогаш со животот се борите прибрано, а ако сакате да го поминете денот како и вообичаено, тогаш сте храбри и прилагодливи.

9. Ако се работи за фотоалбум или нешто слично, тогаш сте сентиментални по природа.

Ако се работи за нешто од вашата гардероба, вие сте внимателни и конвенционални.

Ако одбравте нешто со голема парична вреност вие сте голем материјалист.

Луѓето кои се одлучуваат за лаптоп или документи се практични. 

 

© ladybook.mk Сите права се задржани.

Текстот не смее да се емитува или печати, без писмено одобрување од ladybook.mk.

Запознај го Panoramixx - уникатен дечко со многу вешти раце

Туризам

Ова е новиот урбан летен стил - витамини и овошје насекаде!

Туризам

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Ladybook Контакт
МАСИВА ДООЕЛ Скопје
ул. Козле бр.88, лан.2, лок.1,
1000 Скопје, Македонја
+389 77 76 89 25 | +389 70 21 67 41

contact@ladybook.mk
marina@ladybook.mk
Ladybook Импресум
Генерален менаџер:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Уредник:
Тина Митева
tina@ladybook.mk
Новинар:
Лидија Дамјановска Апостолска
contact@ladybook.mk
Новинар:
Марина Вучковиќ
m.vuckovik@masiva.mk
Социјални медиуми:
Мила Тасевска
mila@ladybook.mk
Графичко уредување:
Виктор Гаврилски
viktor@ladybook.mk
Маркетинг:
Марина Апостолска
marina@ladybook.mk
Дизајн и развој:
ИФ КРЕАТИВА
filip@ifkreativa.com
ivana@ifkreativa.com